афектираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Се преправи, се преправа, се однесува, реагира неприродно.
Примери:
Тој афектираше, паѓаше во буновна патетика, но јас не го ни погледнав.
издадат
Вид збор: Глагол, свршен
(се издаде) се претстави
Примери:
Дошлакот се издаде пред нас, пред луѓето за некаков функционер на Партијата.
инсценираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Изведе, изведува определени привидни дејства за да доведе некого во заблуда.
Примери:
Стојан инсценира давење за да го намами Игор кон длабоките води.
исчанчат
Вид збор: Глагол, свршен
(се) Искриви, изврши нешто.
Примери:
Ги исчанчи очите од изненаденост.
(се) накокорат
Вид збор: Глагол, свршен
Се наперчи, се направи важен.
направат
Вид збор: Глагол, свршен
(се направи) Си даде некаков изглед, се преправи, се престори.
Примери:
Се направи важен.
Вид збор: Глагол, свршен
Глуми малку, некое време.
Примери:
Поглуми дека е исто како и секогаш.
позираат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се однесува како позер, е позер.
Примери:
По цел ден само позира, а другите работат.
прават
Вид збор: Глагол, несвршен
Претставува некого таков како што не е.
Примери:
Ме правиш побогат отколку што сум.
(се прави) Се прикажува, се покажува во некаква состојба.
Примери:
Се прави големец, а е никој и ништо.
(се прави) се преправа
Примери:
Се прави како да не знае.
преправаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се преправи) Лажно се претстави (како болен, загрижен итн.)
Албански:
shtirrem, bëhem
Примери:
Се преправи како да не слуша.
престорат
Вид збор: Глагол, свршен
(се престори) Се покаже, се претстави поинаков отколку што е.
Примери:
Мајка свика по мене, но јас се престорив божем не ја чув и излегов.
претендираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Изрази, изразува претензии за нешто, бара, истакне, истакнува свои права на нешто.
Примери:
Тој претендира за престолонаследник.
претстават
Вид збор: Глагол, свршен
(се претстави) Се прикаже како некаков.
Примери:
Се претстави како месија.
Вид збор: Глагол, несвршен
Се криви, прави нешто извештачено при движење.
Примери:
Престани да се чанчиш!