root - онтологија

жила повеќе

мн. жили
Вид збор: Именка, женски род
Оној дел од растението што избива од коренот во земјата и низ кој растението добива храна.
Албански: rrënjë
Употреба: Ботаника
Примери:
Удирав со казма по коренот што пуштил жили на сите страни длабоко вземи.

жилиште повеќе

мн. жилишта
Вид збор: Именка, среден род
жила
Албански: rrënjë, dell
Употреба: Аугментатив , Ботаника

корен повеќе

мн. корени
Вид збор: Именка, машки род
Подземниот дел на растението со чија помош стои прицврстено и извлекува хранливи материи и вода, неопходни за него.
Српски: корен Албански: rrënjë Бугарски: корен
Употреба: Ботаника
Примери:
Дрвото има развиен корен.
Дел од влакно, нерв, нокот или заб што е враснат во ткивото на организмот.
Албански: rrënjë
Употреба: Анатомија
Примери:
Се скрши забот, коренот остана.
Долен дел од некои органи од кој како да расте, да никне органот.
Албански: rrënjë
Употреба: Анатомија
Примери:
Во коренот на јазикот.
Основата на некои израстоци на телото кај човек или кај животно.
Албански: rrënjë
Примери:
Чирот фати корен.
Непроменлив дел од зборот, без претставки и наставки, што го носи основното значење.
Албански: rrënjë
Употреба: Лингвистика
Примери:
корен на зборот
Големина, која подигната на одреден степен, го потенцира веќе дадениот број.
Албански: rrënjë
Употреба: Математика
Примери:
квадратен корен

коренушка повеќе

мн. коренушки
Вид збор: Именка, женски род
корен
Примери:
Лупеше коренушки од зелка и ги јадеше.

кочан повеќе

мн. кочани
Вид збор: Именка, машки род
Корен на опашка и сл.
Турски: koçan Албански: rrënjë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ја откорна опашката од кочанот.

никулец повеќе

мн. никулци
Вид збор: Именка, машки род
(обично во мн.) Почеток, почетоци на нешто, на некоја појава што се развива.
Албански: rrënjë, embrion
Употреба: Преносно значење
Примери:
Кога се зборува за никулците на музичкото творештво во Македонија, најчесто се споменува името на Јован Кукузел.