shelter - онтологија

врталиште повеќе

мн. врталишта
Вид збор: Именка, среден род
прибежиште, засолниште
Албански: vendstrehim
Примери:
Во манастирот луѓето нашле врталиште и корка леб.

дене повеќе

денат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се дене) Се крие, се засолнува.
Албански: strehoj
Примери:
Кај се дене цел ден?

завет повеќе

мн. завети
Вид збор: Именка, машки род
(само едн.) Место заштитено од ветер, дожд и сл.
Албански: strehim
Примери:
Колибата е на завет.
Сигурно, безбедно место.
Албански: strehim
Употреба: Преносно значење
Примери:
Во овој завет ние бевме сигурни и спокојни за нашите глави.

заслон повеќе

мн. заслони
Вид збор: Именка, машки род
Место заштитено од дожд, ветер, сонце и сл.
Албански: strehim

засолне повеќе

засолнат
Вид збор: Глагол, свршен
Даде, овозможи засолниште некому.
Албански: strehim
Примери:
Колибата нѐ засолна од силното невреме.

засолниште повеќе

мн. засолништа
Вид збор: Именка, среден род
Место каде што може да се засолни од некаква опасност, дожд и сл.
Албански: strehim
Примери:
Подземно засолниште.

затскрие повеќе

затскријат
Вид збор: Глагол, свршен
засолне
Албански: krypos
Примери:
Од силното сонце го затскри крошната на еден даб.

збег повеќе

мн. збегови
Вид збор: Именка, машки род
Место каде што се засолнува од некоја опасност.
Албански: strehoj
Примери:
Се скрија во збегот.

земјаница повеќе

Види и: земјанка (ж.)
мн. земјаници
Вид збор: Именка, женски род
земјанка

испозасолне повеќе

испозасолнат
Вид збор: Глагол, свршен
Засолне повеќе нешта или повеќемина.
Албански: strehoj
Примери:
Ги испозасолнавме сите што дојдоа на нашата врата.

подзасолне повеќе

Види и: засолне (св.)
подзасолнат
Вид збор: Глагол, свршен
Заштити малку, донекаде.
Албански: strehoj, mbroj
Примери:
Ги подзасолна децата од дождот под тремот на куќата.
(се подзасолна) Се засолна, се прикри негде малку, донекаде.
Албански: strehoj
Примери:
Се подзасолнавме во грмушките покрај патот додека не помине потерата.

позасолне повеќе

Види и: засолне (св.)
позасолнат
Вид збор: Глагол, свршен
Засолне нешто малку повеќе, подобро.
Албански: strehoj më tepër
Примери:
Чадорот ме позасолни.
(се позасолни) Се засолни малку повеќе, подобро.
Албански: strehoj më mirë
Примери:
Таа се позасолни од дождот.

потслон повеќе

мн. потслони
Вид збор: Именка, машки род
покриено место, покрив над глава
Употреба: Книжевен збор
Примери:
Фати невреме големо, а немаше нигде потслон.

прибежиште повеќе

мн. прибежишта
Вид збор: Именка, среден род
засолниште
Албански: strehim
Примери:
Децата добегаа до стреата како привремено прибежиште.

прифатен повеќе

прифатени
Вид збор: Придавка
Што служи за прифаќање, за примање.
Примери:
Прифатна станица за бездомни животни.

сеница повеќе

мн. сеници
Вид збор: Именка, женски род
Засолниште од сонце, дожд покриено со гранки, лисја и сл.
Албански: strehë
Примери:
Под букова сеница.

скривница повеќе

мн. скривници
Вид збор: Именка, женски род
Место каде што може да се скрие од некого или од нешто; специјална просторија за криење при престрелки, напади од воздух и сл.
Албански: strehim, vendfshehje
Употреба: Воен термин
Примери:
Ископаа скривница кај колибата во бавчата.

слоница повеќе

мн. слоници
Вид збор: Именка, женски род
Заслон за овчарите од невреме.

солне повеќе

Види и: засолне (св.)
(се) солнат
Вид збор: Глагол, свршен
(се) засолне
Примери:
Беше се солнала зад порта.

солнува повеќе

Види и: солне (св.)
(се) солнуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) засолнува

солнување повеќе

Вид збор: Именка, среден род
засолнување

ставјало повеќе

Вид збор: Именка, среден род
прибежиште
Албански: strehim
Употреба: Разговорно
Примери:
нигде ставјало да немаш!

стреа повеќе

мн. стреи
Вид збор: Именка, женски род
кров, засолниште
Албански: strehim
Употреба: Преносно значење
Примери:
Под таткова стреа.

упориште повеќе

Види и: потпор (м.)
мн. упоришта
Вид збор: Именка, среден род
безбедно место
Албански: strhim