излеат
Вид збор: Глагол, свршен
Им дава слободен замав или израз на своите чувства, расположби и сл.
Примери:
Поетот ја излеа својата љубов кон саканата во песна.
За светлосен извор: месечина, сонце - рашири светлина.
Примери:
Месечината ја излеала својата светлина по улиците на градот.
(се излее) За течна маса во сад - се пролее.
Примери:
Од трускањето на колата по ископаниот пат, ширата се излеа од бурилото.
мн. изливи
Вид збор: Именка, машки род
Наплив на чувства.
Примери:
Излив на патриотски чувства.
(се) изливаат
Вид збор: Глагол, несвршен
исипат
Вид збор: Глагол, свршен
Со сипење испразни, истури нешто.
Примери:
Го исипа виното.
исплискаат
Вид збор: Глагол, свршен
Излее, истури вода.
Примери:
Ја исплиска водата од легенот.
Вид збор: Глагол, свршен
Разлее во големо количество.
Примери:
Маслото се испоразлеа по масата.
испосипат
Вид збор: Глагол, свршен
Исипе големо количество, посипе на голема површина.
Примери:
Го испосипа брашното по целата кујна.
истечат
Вид збор: Глагол, свршен
Излезе од некаде со течење, се излее.
Примери:
Го засече местото за да истече лошата крв.
истурат
Вид збор: Глагол, свршен
Излее, исипе течност од некаде.
Примери:
Одеднаш рипна од столот и ја истури чашата.
Излее, преточи некакво чувство во определена реакција.
Примери:
Го истури својот гнев врз оној што беше најмалку виновен.
(се истури) Се излее од сад.
Примери:
Се истури легенот.
напливнат
Вид збор: Глагол, свршен
За течност - надотече, се разлее во големо количество.
Албански:
vërshoj, rrjedh
Примери:
Водата напливна по дворовите и визбите.
натурат
Вид збор: Глагол, свршен
Тури течност врз нешто, полее.
Примери:
Турајќи вино, го натури чаршафот.
(се натури) се полее
Примери:
Мачето ги лижеше дечињата коа ќе се натуреа со млеко.
одлиснат
Вид збор: Глагол, свршен
Оттури, истури дел од течност што се наоѓа во некаков сад.
Примери:
Одлисна од преполната кофа со вода врз цвеќињата.
плискаат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се плиска) излие
Примери:
Вака ако го носиш легенот, водата нема да се плиска.
плиснат
Вид збор: Глагол, свршен
(за чувства) Разлее како вода, како бран.
Примери:
Топлина го плисна во лицето.
(за светлина) разлее
Примери:
Сончевите зраци плиснаа по ридовите.
(се плисна) Се блисне течност од некаков сад.
Примери:
На жената и се плисна млеко од ведрото додека го креваше на масата.
Вид збор: Глагол, свршен
(се подистури) Се истури нешто во мало количество.
Примери:
Водата се подистурила од бокалот.
Вид збор: Глагол, свршен
Разлее, истури течност од сад (обично поради невнимание).
Примери:
Тој внимаваше да не ја поразлее водата од чашата.
За река - излезе од корито малку, во некоја мера.
Примери:
Реката поразлеа и ги потопи блиските ниви.
(се поразлее) За река, вода - се излее малку, во мала мера.
Вид збор: Глагол, свршен
Истури, пролее малку, во мала мера.
Примери:
Таа го порастури кафето во тацната.
(се порастури) Се истури малку, во мала мера.
Примери:
Млекото се порастури по масата.
Вид збор: Глагол, свршен
Силно обилно истече.
Примери:
Реката пролеа.
(се пролее) се излее
Примери:
Водата се пролеа од кофите.
разлеат
Вид збор: Глагол, свршен
Исипе, истури течност од сад.
Примери:
Внимавај да не ја разлееш водата.
расипат
Вид збор: Глагол, свршен
Исипе нешто, сипе на многу места.
Примери:
Девојчето ќе ја расипе водата.
(се расипе) Се разлее, се исипе на разни страни, се истури.
Примери:
Виното се расипа од чашата и ја намокри масата.
(се) расипуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се расипува) Се растура.
Албански:
prishet, derdhet
Примери:
На баба ми и се тресат рацете па го расипува кафето.
Вид збор: Именка, машки род
сосипат
Вид збор: Глагол, свршен
(се сосипе) се исипе, се истури
Вид збор: Глагол, несвршен