touch - онтологија

барка повеќе

баркаат
Вид збор: Глагол, несвршен
пипка
Албански: prek
Употреба: Дијалектен збор

гиба повеќе

гибаат
Вид збор: Глагол, несвршен
допира, пипа
Албански: prek
Примери:
Не гибај ме!

гибне повеќе

гибнат
Вид збор: Глагол, свршен
допре, пипне
Албански: prek
Примери:
Тој се згрчи уште повеќе, та лицето, речиси, му ги гибна колената.

дожегне повеќе

дожегнат
Вид збор: Глагол, свршен
ме (те, го...) Силно ме засегне, многу ме погоди.
Албански: më djeg, më prek
Употреба: Преносно значење
Примери:
Од твоите зборови ме дожегна в срце.

докачи повеќе

Види и: качи (св.)
докачат
Вид збор: Глагол, свршен
засегне, допре
Албански: prek
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тоа ја докачи неговата суета.

докосне повеќе

докоснат
Вид збор: Глагол, свршен
Допре, дофати нешто.
Примери:
Се напрегаше да го докосне шишето со вино.
Засегне некого.
Примери:
Оваа работа го докосна повеќе отколку што мислеше.

допир повеќе

мн. допири
Вид збор: Именка, машки род
Еден од петте надворешни осети што се прима преку кожата.
Албански: prekje
Употреба: Медицина
Примери:
Почувствува болка при допирот со жешкото железо.
Допирање со рака, со дел од телото; непосредно, наполно доближување на еден предмет со друг.
Албански: prekje
Примери:
Тој се стресе од студениот допир на нејзиното чело.

допира повеќе

Види и: допре (св.)
допираат
Вид збор: Глагол, несвршен
Воспоставува контакт со допир.
Албански: prek
Примери:
Допира за рамо, рака.
Споменува, задира.
Албански: prek
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ја допира темата.
Ги допира чувствата.
Албански: prek
Примери:
Ми ја допира душата.

допре повеќе

допрат
Вид збор: Глагол, свршен
Чепне, фати нешто, приближи нешто до друго нешто.
Албански: prek
Примери:
Ја допре по косата.
(се допре) Се чепне, се фати за нешто, се потпре на нешто; е во допир со нешто.
Примери:
Со двете раце се допрел до оградата.
(се допре) Се засегне, се опфати нешто; е близок во нешто.
Примери:
Ние само се допревме до тоа прашање и го поставивме на дискусија.

досегне повеќе

досегнат
Вид збор: Глагол, свршен
Допре до нешто.
Албански: prek
Примери:
Нозете не можеа да му досегнат до подот.

жегне повеќе

жегнат
Вид збор: Глагол, свршен
Засегне, гибне, боцне некого.
Албански: prek
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тоа ме жегна в срце.

загиба повеќе

Види и: гиба (несв.)
загибаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да гиба, да пипа некого или нешто.
Албански: prek
Употреба: Разговорно
Примери:
Тој ја загиба мачката со едно стапче.

задира повеќе

Види и: задре (св.)
задира
Вид збор: Глагол, несвршен
допира, навлегува, засега
Примери:
Тоа не задира во вашите лични слободи.

задре повеќе

задрат
Вид збор: Глагол, свршен
допре, навлезе

закачи повеќе

закачат
Вид збор: Глагол, свршен
Допре, засегне нешто при движење.
Албански: prek
Примери:
Една гранка ми ја закачи капата.

засегне повеќе

засегнат
Вид збор: Глагол, свршен
Допре, чепне некого или нешто.
Албански: prek
Примери:
Кучето беше толку лошо што не даваше со рака да го засегнеш.
Трогне, возбуди, допре до некого.
Албански: prek
Употреба: Преносно значење
Примери:
Неговата постапка до срце ме засегна.
Допре, зафати, спомене нешто.
Албански: prek
Употреба: Преносно значење
Примери:
Овде засегнавме неколку прашања.

зафати повеќе

зафатат
Вид збор: Глагол, свршен
допре
Албански: prek
Примери:
Старецот го зафатија малку со задните тркала.
засегне
Албански: prek
Употреба: Преносно значење
Примери:
Tој зафати многу актуелни прашања.

зачепка повеќе

Види и: чепка (несв.)
зачепкаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да допира.
Албански: prek
Употреба: Преносно значење
Примери:
Внучето го зачепка дедото по мустаќите.

опипа повеќе

опипаат
Вид збор: Глагол, свршен
Пипне, допре со прсти нешто.
Албански: prekë
Примери:
Ги опипа џебовите.
Со пипање, со допир испита, дознае, заклучи нешто.
Албански: prekë
(се опипа) се пипне
Албански: prekem

парка повеќе

паркаат
Вид збор: Глагол, несвршен
допира
Албански: prek
Употреба: Разговорно
Примери:
Што го парка?
пипа, фаќа
Албански: prek, kap
Употреба: Дијалектен збор

пипа повеќе

пипаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Допира со рака за да распознае; бара со раце за да најде нешто.
Албански: prek
Примери:
Слепецот пипаше по ѕидот.
(се пипа) Се пофаќа со раце.
Албански: prek
Примери:
Се пипа по телото.

пипање повеќе

Вид збор: Именка, среден род
пипа
Примери:
сетивото за пипање

пипне повеќе

Види и: пипа (несв.)
пипнат
Вид збор: Глагол, свршен
допре
Албански: prek
Примери:
Го пипна по челото.
(се пипне) Се допре (по образ, рака).
Албански: preket

подзакачи повеќе

подзакачат
Вид збор: Глагол, свршен
Опфати малку, донекаде, во ограничена мера.
Примери:
Тоа прашање само го подзакачил.

попипа повеќе

попипаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се попипа) Се пипа малку, површно.
Употреба: Народна поезија
Примери:
Тој се попипа по џебовите и виде дека му го нема клучот.

разнежи повеќе

разнежат
Вид збор: Глагол, свршен
трогне, расчувствува
Албански: prek, mallëngjej
Примери:
Песната многу ме разнежи.

тангира повеќе

тангираат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се допира до.
Албански: tangoj, prekë
Употреба: Математика