мн. бранови
Вид збор: Именка, машки род
Издигнат дел водена маса што се движи.
Примери:
Брановите на езерото можат да достигнат висина од три метри.
Придвижување на маса во некаква средина или физичко поле во одредени интервали.
Албански:
valë, rrymë
Употреба:
Физика
Примери:
Радиобранови.
(се) брануваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Предизвикува бранови на голема водна површина.
Примери:
Југот го брануваше езерото.
За жита и слични растенија - движи како во бранови.
Примери:
Ветерот ги брануваше зрелите жита.
(се бранува) Се движи во бранови.
Примери:
Кога дува југот, езерото се бранува.
(се бранува) Се движи како во бранови.
Примери:
По долинките се бранува јачмен и ’рж.
веат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се вее) се витка, се лелее
Примери:
Косата му се вееше на ветрот.
виорат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се виори) Виуличаво се разнесува, се вее во воздухот.
Примери:
Знамињата на бандерите се виореа.
мн. далги
Вид збор: Именка, женски род
(се) далгуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
забрануваат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да бранува.
Примери:
Ветрот го забранува езерото.
завиорат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да виори.
Примери:
Ветрот ги завиори знамињата.
заразмавтаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да размавтува.
Албански:
bëj me dorë, tund duart
Примери:
Тој заразмавта со рацете.
лелеат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се лелее) Прави лесни движења, наваму-натаму.
Примери:
Долгата коса и се лелееше на ветрот.
мавнат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи еднократно движење со рака или со нешто.
мавтаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Прави движења cо раката во знак на поздрав.
Албански:
valvitë, bën me dorë
Примери:
Кога го испраќаше, му мавташе сѐ додека не ѝ се изгуби од видот.
Прави движења во воздухот држејќи нешто в рака (шамиче, знаме, прачка).
Примери:
Детето мавташе со шамиче од возот.
Прави движење со некој дел од телото (глава, крила, опашка).
Примери:
Кравите мавтаа со опашките бранејќи се од муви.
Се фали, се прави важен со нешто (со диплома, функција, заслуга).
Примери:
Оди наоколу и мавта со дипломата.
(се мавта) Се ниша, се виори (на ветар).
Примери:
Спрострените алишта се мавтаа на ветрот.
Вид збор: Именка, среден род
(глаг. им.) мавта
Примери:
Се чу мавтање на крила.
Вид збор: Глагол, свршен
Даде знак за повикување, за поздрав и cл. со движење на раката или на главата.
Албански:
tund dorën, kokën
Примери:
Му намавна со рака од прозорецот и му се насмевна.
павкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
мавта (со лепеза)
Примери:
Девојката павкаше со ладалото.
Вид збор: Именка, среден род
мафтање (со раце)
Албански:
valvitje, bëj me dorë
плискаат
Вид збор: Глагол, несвршен
За море, река - се бранува и удира во нешто.
Примери:
Морето плиска.
(се плиска) се бранува
Примери:
Езеро ширно се плиска.
помавтаат
Вид збор: Глагол, свршен
Мавта малку, некое време.
Вид збор: Глагол, свршен
Разбранува малку, до определен степен.
Примери:
Ветрот го поразбранува езерото.
(се поразбранува) Се разбранува малку, донекаде.
Примери:
Морето се поразбранува.
разбранат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи да се појават бранови.
Примери:
Ветрот го разбрани морето.
(се разбрани) Почне да се движи во бранови, дојде во состојба на бранување.
Примери:
Водата се разбрани доцна попладне.
Вид збор: Глагол, несвршен
Направи да се појават бранови.
Примери:
Ветрот го разбранува морето.
(се разбранува) Направи да се појават бранови.
Примери:
Се разбранува морето.
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да се лелее повеќе или уште повеќе на разни страни.
Примери:
Кога ветре ќе го разлелее езерото.
размавтат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне силно со нешто да ниша, клати.
Примери:
Ги размавта рацете.
(се размавта) Почне да се мавта.
Албански:
tund, bëj me dorë
Примери:
Алиштата се размавтаа на ветрот.
(се) размавтуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) распавтаат
Вид збор: Глагол, свршен
Павта со раце и др.
Примери:
Што си се распавтал толку?
(се) распавтуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
мн. слапови
Вид збор: Именка, машки род
талас, бран
Примери:
Речен слап.
слелеат
Вид збор: Глагол, свршен
заниша, заталаси, разбранува
Примери:
(нар. поез.) Дувна ми ветер, повеа, / морето ми го слелеа.
Вид збор: Именка, машки род
бран
Примери:
Се кренале големи талази.
мн. таласи
Вид збор: Именка, машки род
бран
Примери:
Останавме на купче, неколку саати, дур помина првиот талас од шок и страв.