widen - онтологија

подрашири повеќе

Види и: рашири (св.)
подрашират
Вид збор: Глагол, свршен
Отвори малку повеќе, донекаде, во некоја мера, повеќе од порано.
Албански: zgjeroj
Примери:
Ги подрашири рацете како да ќе го гушне.
(се подрашири) Отвори, рашири малку, донекаде.
Албански: zgjat
Примери:
Очите му се подраширија од чудење, кога виде кој иде.

попрошири повеќе

Види и: прошири (св.)
попрошират
Вид збор: Глагол, свршен
Направи нешто да стане малку пошироко.
Примери:
Тој го попрошири станот.
(се попрошири) Се рашири малку, донекаде.

порашири повеќе

порашират
Вид збор: Глагол, свршен
(се порашири) Се рашири уште малку, малку повеќе.
Албански: zgjërohet edhe pak

прошири повеќе

прошират
Вид збор: Глагол, свршен
Направи нешто да стане пошироко.
Албански: zgjeroj
Примери:
Тој ја прошири вратата во кујната.

спростре повеќе

Види и: простре (св.)
спрострат
Вид збор: Глагол, свршен
(се спростре) За власт, влијание - се прошири.
Албански: zgjerohet
Употреба: Преносно значење
Примери:
Далеку се спрострела неговата власт.

чепи повеќе

(се) чепат
Вид збор: Глагол, несвршен
шири, развлекува
Употреба: Разговорно
Примери:
Гледа нагоре: наеженото птичиште го чепи клунот и гракнува: - Засрами се, момченце!

шири повеќе

шират
Вид збор: Глагол, несвршен
Прави широк, поширок.
Албански: zgjëroj
Примери:
Шири некаков отвор.
(се шири) се раствора, се простира
Албански: zgjërohet, shtrihet
Примери:
Рацете сами се шират.

широчи повеќе

широчат
Вид збор: Глагол, несвршен
шири
Употреба: Дијалектен збор