wind - онтологија

вардарец повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Ладен, северен ветар што дува по долината на реката Вардар.
Албански: erë vardareci

ветар повеќе

Види и: ветер (м.)
ветрот
Вид збор: Именка, машки род
Струење на воздухот во атмосферата предизвикано од разликата во температурата на воздушните слоеви или од разликата во притисокот.
Српски: ветар Албански: erë Бугарски: вятьр Грчки: άνεμος
Употреба: Физика
Примери:
Дува ветар.

ветер повеќе

Види и: ветар (м.)
мн. ветрови
Вид збор: Именка, машки род
Атмосферско струење на воздухот.
Српски: ветар Албански: erë Бугарски: вятьр Грчки: άνεμος
Употреба: Физика
Примери:
ветер и магла

ветерче повеќе

Види и: ветер (м.)
мн. ветерчиња
Вид збор: Именка, среден род
ветер

ветре повеќе

Види и: ветер (м.)
мн. ветриња
Вид збор: Именка, среден род
Слаб, млак, пријатен ветер.
Употреба: Деминутив
Примери:
вечерно ветре

ветренце повеќе

Види и: ветар (м.)
мн. ветренца
Вид збор: Именка, среден род
Благ ветер.
Употреба: Деминутив

вие повеќе

вијат
Вид збор: Глагол, несвршен
мота, намотува
Албански: mbështjell
Примери:
Ковачот виеше жица околу тенок калем.
Се намотува, се витка околу нешто.
Албански: mbështjell
Примери:
Над вратата се виеше бршлен.

витка повеќе

виткаат
Вид збор: Глагол, несвршен
мота, намотува
Албански: lëkundet
Примери:
Старата цел ден виткаше предено за ткаење.
(се витка) Се вие околу нешто.
Албански: sillet
Примери:
Стеблинките на гравот се виткаа околу стеблата на пченката.
(се витка) се извива
Албански: lakoj
Примери:
Колоната како змија се виткаше по мрачната шума.

дихирица повеќе

Види и: виор (м.)
Вид збор: Именка, женски род
виор
Употреба: Дијалектен збор

довитка повеќе

Види и: витка (несв.)
довиткаат
Вид збор: Глагол, свршен
Намота до крај.
Албански: mbështjell deri në fund
Примери:
Бабата го довитка клопчето.

замота повеќе

замотаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да мота (клопче).
Албански: mbështjell
Примери:
Таа ја замота волницата.

извива повеќе

извиваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се извива) Постојано го менува правецот.
Албански: ndryshon
Примери:
Патот се извива како змија нагоре кон селото.

измота повеќе

Види и: мота (несв.)
измотаат
Вид збор: Глагол, свршен
Мота, намота се до крај, целосно.
Албански: mbështjel deri në fund
Примери:
Ткајачката го измота сето предено.
Лаже, мами некого.
Албански: gënjej, mashtroj
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Примери:
Трговецот вешто ги измота селаните, им ја зеде стоката евтино.

мота повеќе

мотаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Обвива околу нешто (конец, тенка ткаенина).
Албански: mbështjell
Примери:
Мота волница во клопче.

навитка повеќе

навиткаат
Вид збор: Глагол, свршен
Навие, намота околу нешто.
Албански: mbështjell
Примери:
Го навитка водилото околу роговите.

смота повеќе

смотаат
Вид збор: Глагол, свршен
Свие во клопче, намота на нешто.
Албански: përkulet
Примери:
Ја смотала преѓата.

суче повеќе

сучат
Вид збор: Глагол, несвршен
мота
Албански: mbështjell
Примери:
Жената сучеше цевки.

точка повеќе

Види и: точи (несв.)
(се) точкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се точка) се мота
Албански: mbështjell

увива повеќе

Види и: увие (св.)
увиваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се увие) околу нешто
Албански: sill
Примери:
Му се увива околу вратот.

увие повеќе

увијат
Вид збор: Глагол, свршен
(се увие) Се навие околу нешто.
Албански: pështjell
Примери:
Му се уви околу вратот.