worry - онтологија

гајле повеќе

мн. гајлиња
Вид збор: Именка, среден род
грижа
Турски: gaile
Употреба: Разговорно
Примери:
Си има човекот гајле.

грижа повеќе

мн. грижи
Вид збор: Именка, женски род
Немир, неспокојство поради некоја непријатност, тешкотија, проблем.
Албански: brengë, mërzi
Примери:
Овој испит ми претставува голема грижа.

грижи повеќе

(се) грижат
Вид збор: Глагол, несвршен
Има грижа, мака, тешкотија, проблем.
Албански: merakosem
Примери:
Многу се грижам кога ми е болно детето.

загајледиса повеќе

Види и: загрижи (св.)
(се) загајледисаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се) загрижи
Употреба: Разговорно

загајли повеќе

Види и: загрижи (св.)
(се) загајлат
Вид збор: Глагол, свршен
(се) загрижи
Употреба: Разговорно

загрижи повеќе

загрижат
Вид збор: Глагол, свршен
Предизвика грижа некому.
Албански: shqetsohem, merakos
Примери:
Не ѝ зборував за моите проблеми за да не ја загрижам.
(се загрижи) Стане загрижен, го опфати грижа.
Албански: shqetsohem
Примери:
Мајка ѝ се загрижи за нејзиното здравје.

закоси повеќе

закосат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да се загрижува, да се јадосува.
Албански: merakosem
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Се закоси кога виде дека никој нема дома.

замисли повеќе

Види и: мисли (несв.)
замислат
Вид збор: Глагол, свршен
Натера да мисли, стави некого на мисла.
Албански: merakos
Примери:
Вчерашниот разговор го замисли момчето.

изнасекира повеќе

Види и: секира (несв.)
изнасекираат
Вид збор: Глагол, свршен
Секира некого до крај, потполно.
Примери:
Децата го изнасекираа.
(се изнасекира) Се секира, се коси до крај.
Примери:
Многу се изнасекира.

искоси повеќе

искосат
Вид збор: Глагол, свршен
(се искоси) Се нервира, се секира многу.
Албански: merakosem
Примери:
Се искосив додека да дојдеш.

јаде повеќе

јадат
Вид збор: Глагол, несвршен
Измачува, нервира, создава грижи, јадови, маки.
Албански: ha, brej
Употреба: Преносно значење
Примери:
Него жената го јаде, никој друг.

косеж повеќе

мн. косежи
Вид збор: Именка, машки род
грижа

коси повеќе

косат
Вид збор: Глагол, несвршен
се грижи, се јадосува
Албански: merakosem
Примери:
Cи ја коси душата.
(се коси) се грижи
Албански: merakosem
Примери:
Не коси се за куќата!

мисла повеќе

мн. мисли
Вид збор: Именка, женски род
грижа
Албански: mendim, brengë
Примери:
Мислите мир не ми даваат.

насекира повеќе

насекираат
Вид збор: Глагол, свршен
Вознемири, растревожи, јадоса некого.
Албански: mbërzitem, brengosem
Примери:
Многу го насекира разговорот со братот.
(се насекира) Се вознемири, се растревожи, се јадоса.
Албански: brengosem, mërzitem
Примери:
Не секирај се, и тоа ќе помине.

плаши повеќе

плашат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се плаши) Загрижен е.
Албански: shqetësoj, brengos
Примери:
Се плашам за неговото здравје.

подзагрижи повеќе

подзагрижат
Вид збор: Глагол, свршен
Загрижи некого со нешто, со некоја постапка малку, донекаде.
Примери:
Кога ја видов, ме подзагрижи нејзиниот изглед.
(се подзагрижи) Се загрижи за нешто, поради нешто.
Примери:
Таа се подзагрижи за синот што уште се не беше вратил од училиште.

подзатресе повеќе

Види и: затресе (св.)
подзатресат
Вид збор: Глагол, свршен
(се подзатресе) Поведе грижа за нешто или за некого.
Примери:
И тој најпосле се подзатресе за децата.

позагрижи повеќе

Види и: загрижи (св.)
позагрижат
Вид збор: Глагол, свршен
Загрижи некого, предизвика грижа некому во малку поголема мера.
Албански: mërzis, brengos
Примери:
Нејзиното однесување ги позагрижи родителите.
(се позагрижи) Се загрижи малку повеќе.
Албански: shqetsohem
Примери:
Тие се позагрижија за нејзиното здравје.

појаде повеќе

појадат
Вид збор: Глагол, свршен
се измачи, се изнервира
Албански: shqetësoj

понасекира повеќе

Види и: насекира (св.)
понасекираат
Вид збор: Глагол, свршен
(се понасекира) Се насекира малку, донекаде.
Албански: shqetësohem

пукачка повеќе

мн. пукачки
Вид збор: Именка, женски род
Секирација, нервоза, тежок момент во животот.
Примери:
Доста ми е од пукачки во животов!

растревоженост повеќе

Вид збор: Именка, женски род
растревожен

растревожи повеќе

Види и: тревожи (несв.)
растревожат
Вид збор: Глагол, свршен
(се растревожи) Стане немирен.
Албански: shqetësohem
Употреба: Книжевен збор
Примери:
Сите се растревожија.

сакалдиса повеќе

сакалдисаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се сакалдиса) – се вознемири, се изнервира
Албански: sakëlldisem, nervozohem
Употреба: Разговорно
Примери:
Многу си се сакалдисал нешто.

сакалма повеќе

Вид збор: Именка, женски род
саклет
Турски: sıkılma
Употреба: Разговорно

саклет повеќе

мн. саклети
Вид збор: Именка, машки род
мака, тегоба, душевен немир
Турски: sıklet
Употреба: Разговорно
Примери:
Саклет ми е.

саклетиса повеќе

Види и: сакалдиса (св.)
(се) саклетисаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се) сакалдиса
Употреба: Разговорно

секира повеќе

(се) секираат
Вид збор: Глагол, несвршен
Прави некој да се нервира, да се коси.
Албански: bëj të mërzitet
Употреба: Книжевен збор
Примери:
Ја секира жената за ништо.
(се секира) се нервира, се коси
Албански: mërzitem, nervozohem
Примери:
Се секира за секоја ситница.

секирација повеќе

мн. секирации
Вид збор: Именка, женски род
Неспокојство, вознемиреност, јадосување, загриженост.
Употреба: Разговорно
Примери:
Од секирација за децата падна болна.

стравува повеќе

стравуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Загрижен е за нечија безбедност; исчекува со страв.
Албански: merakosem
Примери:
Стравуваат за неговиот живот.

трепнеж повеќе

Види и: трепет (м.)
мн. трепнежи
Вид збор: Именка, машки род
трепет, треперење, трепетење
Употреба: Поетски збор

угрижи повеќе

угрижат
Вид збор: Глагол, свршен
загрижи
Албански: shqetsoj, bëhem merak
Употреба: Дијалектен збор
(се угрижи) се загрижи
Албански: shqetsohem, bëhem merak
Употреба: Дијалектен збор

угрижува повеќе

Види и: угрижи (св.)
угрижуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
загрижува
Албански: mërzitem, shqetësohem
Употреба: Дијалектен збор
(се угрижува) се загрижува
Албански: mërzitem, shqetësohem
Употреба: Дијалектен збор