а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

бележан

бележаниот
Вид збор: Придавка
Ранг: 26105
1. обележен, означен
Англиски: marked
Примери:
Бележан пат.
Евреите се движеа бележани.
2. Обележен од вакцина бесеже.
Англиски: vaccinated
Употреба: Медицина , Разговорно
Примери:
Бележани овци.
Бележан во раката.
3. жигосан, осомничен
Англиски: stigmatized
Употреба: Преносно значење
Примери:
Поарно да ме проголташе смртта, отколку вака да одам, како овца бележан.
Се видов себе си бележан, отфрлен засекогаш.