воведе
воведат; воведи,воведете; воведов, воведоа; вовел; воведев, воведеа; воведел; воведен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 1688
1.
Внесе некого некаде со водење, со придружување.
Англиски:
admit
Албански:
fus, shpie
Го воведоа во една сала.
Ги воведе во поповата визба.
Ги воведоа коњите на хиподромот.
Слично со:
внесе (св.)
2.
Вклучи, прими некого во определена група, средина и сл.
Англиски:
include
Албански:
fus, pranoj
Реши да го воведе во нејзината дружина.
Слично со:
вклучи (св.)
3.
Наведе некого на нешто, доведе до некаква состојба.
Примери:
Ѓаволот ги воведе во искушение и грев.
Тие настани го воведоа во заблуда и општественото мислење.
Често знаеше да ме воведе во спорови.
Слично со:
наведе (св.)
4.
Упати, запознае со нешто.
Англиски:
introduce
Албански:
fus, udhëzoj
Го воведе во работата.
Го вовел во тајните на занаетот.
Ќе ве воведам во светот на бајките.
Слично со:
упати (св.)
5.
Воспостави, заведе некаква состојба.
Примери:
Воведе ред.
Воведе мир.
Воведе правила за однесување.
6.
Внесе во документ, во програма и сл.
Примери:
Воведе податок.
Воведе нов предмет во наставата.
7.
Подготви преѓа за ткаење на разбој со воведување на основата во разбојот.
Албански:
fus, vë
Едни продавалки доткај, други воведи.
Изведенки
1.
воведува несв.
воведуваат
воведуваат
2.
воведување ср.
глаг. им.
глаг. им.