а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

води

водат; водам, водиме; водев, водел; воден; водевме
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 403
1. Придружува некого при одење; покажува пат некому (човек, животно).
Англиски: lead Српски: водити Албански: çoj Бугарски: води Грчки: οδηγώ
Примери:
Го водеше детето за рака.
Гостин ти водам.
Ги води коњите на пасење.
2. Насочува некого (во работата, во животот).
Англиски: reign Албански: kahëzoj
Примери:
Ти одеше спокојно зашто друг те водеше.
Нему му требаше искусна рака што ќе го води.
Неговата жена го водеше низ животот строго и мајчински.
3. Предводува, е на чело.
Англиски: helm Албански: prij
Примери:
Тој може да води и востание.
Бандата ја водел некој јаничар.
Тој ќе ја води делегацијата во странство.
Сестра ти го води орото.
4. Се протега во определен правец, до некое место.
Англиски: spread Албански: zgjat
Примери:
Го позна сокакот што водеше за дома.
Улицата води кон градот.
Крвавата трага ги водеше ловците кон честарот.
5. Управува, раководи со нешто.
Англиски: conduct Албански: udhëheq
Примери:
Седницата ја водеше заменикот на претседателот.
Изборната кампања ја водат искусни лица.
6. Се грижи за нешто.
Англиски: manage Албански: menaxhoj
Примери:
Мојата жена ја води нашата куќа.
Еден слуга го водеше домаќинството на чорбаџијата.
Го водеше хотелот неколку години.
7. Се занимава со нешто, врши некаква дејност.
Англиски: lead Албански: merret me diçka
Примери:
Тој води своја евиденција.
Тие не знаат да водат политика.
Успешно го води курсот по англиски јазик.
Натпреварот ќе го води искусен судија.
Таа води детска емисија.
8. Развива, дава определен правец на нешто.
Англиски: develop Албански: zhvilloj
Примери:
Авторот многу вешто го води раскажувањето.
9. Се наоѓа на прво место, на чело.
Англиски: head Албански: kryetar
Примери:
На табелата води „Вардар“.
Во производството на вино кај нас води „Тиквеш“.
10. Во посебни изрази во кои глаголот го добива значењето на соодветната именка.
Англиски: lead Албански: prij
Примери:
Води спокоен живот.
Води љубов.
Води разговор.
Води грижа.
Води потекло.
Води војна.
11. Тера, спроведува некого под принуда.
Англиски: drive Албански: shpie
Примери:
Го водат в затвор.
12. Придонесува, доведува до нешто.
Англиски: contribute Албански: kontruboj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Твојот став води кон разбивање на одредот.
Патот кон целта води низ вооружена борба.
Тоа води кон пропаст.
13. (се води) Оди заедно со некого држејќи се еден за друг.
Англиски: walk Албански: ecje
Примери:
Се водат за рака како младенци.
Се водеа по тесното патче.
14. (се води) Се раководи, се држи до нешто.
Англиски: stick to Албански: ecje
Примери:
Не се водел по старите обичаи.
Тој се водеше од примерот на најуспешните во реформата.
15. (се води) За крава или биволица - се оплодува, се пари.
Англиски: copulate Албански: çiftohet
Употреба: Земјоделство
Примери:
Кравата се водеше неколку пати, но ниеднаш не остана стелна.
Изрази
Води сметка - внимава, се грижи за нешто.
Ни се води, ни се тера - не сфаќа, не разбира ни со добро, ни со лошо.
Изведенки
водење ср.
глаг. им.