а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

добере

доберат; добери, доберете; добрав, добраа; добрал; добран; (ќе) доберев, (ќе) добераа; (ќе) доберел; доберен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 9669
1. Набере уште малку до нужната мера.
Англиски: gather Албански: vjel, mbledh
Примери:
Денес треба да се доберат уште десет килограми круши.
2. Заврши со берењето.
Англиски: harvest Албански: vjel, mbledh
Примери:
Го добравме грозјето.
3. Доближи, дојде во непосредна близина на нешто.
Англиски: approach Албански: afrohem
Примери:
Сакаше да се увери и го добра лицето за да му ги види очите.
4. (се добере) Дојде во непосредна близина на нешто, се доближи, дофати нешто.
Англиски: approach Албански: afrohem
Примери:
Само да се доберам до шумава.
Тие веќе се добраа до генералски чин.
Изведенки
1. доберува несв.
(се) доберуваат
2. доберување ср.
глаг. им.