lead - онтологија

води повеќе

водат
Вид збор: Глагол, несвршен
Придружува некого при одење; покажува пат некому (човек, животно).
Српски: водити Албански: çoj Бугарски: води Грчки: οδηγώ
Примери:
Го водеше детето за рака.
Се занимава со нешто, врши некаква дејност.
Албански: merret me diçka
Примери:
Тој води своја евиденција.
Во посебни изрази во кои глаголот го добива значењето на соодветната именка.
Албански: prij
Примери:
Води спокоен живот.

врти повеќе

вртат
Вид збор: Глагол, несвршен
Пренасочува некого во дејствување, во однесување, во разговор.
Албански: drejtoj
Примери:
Го врти на прав пат.

доведе повеќе

доведат
Вид збор: Глагол, свршен
Изрази, предизвика некаква состојба, расположение.
Албански: shpie
Примери:
Тие зборови го доведоа до лудило и очај.

заведе повеќе

заведат
Вид збор: Глагол, свршен
Насочи некого на погрешен пат, направи да заскита, да не стигне на целта.
Албански: mashtroj
Примери:
Овчарот ја заведе потерата на полицијата во погрешен правец.
Направи некој да тргне по лош пат, кон нешто лошо.
Албански: mashtroj
Примери:
Со лажни ветувања тие ја заведоа младината.
Одведе некого некаде.
Албански: shpie
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Го завеле длабоко во шумата и таму го убиле.
(се заведе) Се поведе по некого или по нешто, се залаже.
Албански: mashtroj
Примери:
Тој се заведе по една група криминалци.

заводи повеќе

Види и: води (несв.)
заводат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да води, да насочува нечие движење.
Примери:
Тој го завади орото.

излезе повеќе

излезат
Вид збор: Глагол, свршен
За пат - води, доведува.
Албански: udhëheq
Примери:
Оваа улица излегува на езерото.

носи повеќе

носат
Вид збор: Глагол, несвршен
Води со себе, придружува при одење, одведува, сместува некаде.
Албански: udhëzon
Примери:
Жената си ги носеше децата секаде.

одведе повеќе

одведат
Вид збор: Глагол, свршен
Однесе некого од едно место на друго.
Албански: shpie, çon
Примери:
Таа ги одведе гостите во гостинската соба.
Однесе некого некаде следејќи пат, траги.
Албански: shpie
Примери:
Патот нѐ одведе во едно запустено село.
Однесе некого со сила.
Албански: shpie, dërgon
Примери:
Девојката ја одведоа од дома.
Доведе до нова состојба, промени нешто.
Албански: shpie, sjellë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Твојата тврдоглавост нѐ одведе до пропаст.

поведе повеќе

поведат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да води по себе (луѓе, колона, оро).
Албански: udhëheq
Примери:
Се согласи да ги поведе до најблиската населба.
Започне некакво дејство, постапка, акција.
Албански: shpie
Примери:
Поведе разговор.
Добие предност во натпревар, почне да води (со постигнат гол, освоен поен).
Албански: në krye
Употреба: Спорт

поводи повеќе

поводат
Вид збор: Глагол, свршен
Води малку, кратко време.
Албански: udhëheqë shkurt

предводи повеќе

предводат
Вид збор: Глагол, несвршен
Што води и се наоѓа на чело.
Примери:
Министерот ја предводеше делегацијата.

предничи повеќе

предничат
Вид збор: Глагол, несвршен
Оди напред, пред другите.
Албански: udhëheqë, kryesoj
Примери:
Тој предничи пред другите тркачи на еден круг до целта.
Стои на чело, предводи.
Албански: udhëheqë, kryesoj
Примери:
Во масовните штрајкови предничеа работниците.

проведе повеќе

проведат
Вид збор: Глагол, свршен
Помине некого или нешто преку некое место.
Примери:
Тој го проведе детето до аголот и му ја покаже куќата.

сведе повеќе

сведат
Вид збор: Глагол, свршен
Доведе, одведе долу.
Албански: udhëheq
Примери:
Сведи ме долу крај село.

спроведе повеќе

спроведат
Вид збор: Глагол, свршен
Изведе низ определено место, преведе.
Албански: shpie
Употреба: Разговорно
Примери:
Го спроведоа низ селото.
Направи нешто, направи нешто да оди по определен пат.
Албански: ndërtoj, instaloj
Примери:
Уште не спроведоа вода.

тера повеќе

тераат
Вид збор: Глагол, несвршен
Прави нешто со задоволство и во поголема мера.
Албански: shpie
Примери:
Тера веселба.

трга повеќе

тргаат
Вид збор: Глагол, несвршен
води, тера
Албански: udhëheq
Примери:
Трга живот.

тргне повеќе

тргнат
Вид збор: Глагол, свршен
За оро, поведе.
Албански: nisë
Примери:
Ајде, тргни го орото.