додаде
додадат; додадам, додај, додајте; додадов, додадоа; додал; (ќе) додадев, (ќе) додадеа; (ќе) додадел; додаден
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 877
1.
Даде, стави, направи нешто дополнително.
Примери:
Му нареди да додаде малку мед и сето тоа да го измеша.
Но, за ткаењето да биде појако, ќе ви додадам уште една нишка.
Слично со:
дополни (св.)
2.
Рече уште нешто, дофрли некој збор.
Примери:
Жената се смири и додаде: Ќе продадеме нива.
Слично со:
дофрли (св.)
3.
Подаде, даде со подавање (обично во спортски игри со топка).
Примери:
Му додаде на левото крило.
Слично со:
подаде (св.)
4.
Даде до крај сѐ што било за давање.
Примери:
Вчера му ги додадов парите што му ги должев.
Изведенки
1.
додава несв.
додаваат
додаваат
2.
додавање ср.
мн. додавања
глаг. им.
мн. додавања
глаг. им.