држи
држат; држи, држете; држев, држеше, држеа; држел; држен; држејќи; држав, држаа; држал; држан
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 530
1.
Фати и не испушта од рацете.
Примери:
Држи книга во рацете.
Го држеше детето за рака.
Слично со:
фати (св.)
2.
Има власт, управа, контрола над нешто.
Примери:
Ја држеа управата на фабриката во свои раце.
Држат заседа пред селото.
Слично со:
владее (несв.)
3.
Има нешто или држи некого/нешто во служба.
Примери:
Кројачот држеше двајца калфи.
Селаните држеа овци и кози.
Во дуќанот држи само златни прстени.
4.
Чува, сместува некого или нешто на определено место.
Англиски:
keep
Албански:
mbaj, ruaj
Парите ги држеше под перница.
Ги држеа рипчињата во една тегла.
Слично со:
чува (несв.)
5.
Потпира, крепи некого или нешто.
Примери:
Мостот го држеа десетина столбови.
Нозете не ја држеа веќе.
6.
Стави нешто во определена положба или состојба.
Примери:
Ја држеше пушката свртена кон мене.
Луѓето ги држеа главите наведени.
Раката ја држеше под нејзината глава.
7.
Принуди некого на определена положба или состојба.
Англиски:
force
Албански:
mbaj, ruaj
Го држеле две недели во притвор.
Ја држат затворена во собата.
Слично со:
принуди (св.)
8.
Одржува некого или нешто во определена состојба.
Примери:
Власта го држеше народот во заблуда.
Го држи гладен.
Постојано држам чисто и средено.
9.
Одржува или создава определена состојба и сл.
Англиски:
maintain
Албански:
mbaj, ruaj
Играчите го држеа истото темпо и во второто полувреме.
Стариот држеше оган цела ноќ.
Ќе држиме отстапница до стемнување.
Ова палто држи топло.
Крушата им држеше сенка на околните лози.
10.
Се наоѓа во определена врска, однос или контакт со некого.
Англиски:
keep
Албански:
mbaj lidhje
Тој држеше врска со одредот.
11.
Се простира, опфаќа нешто.
Примери:
Неговиот имот држеше од ридот, па сè до реката.
12.
Задржува, спречува некого да напушти определено место.
Примери:
Дождот цел ден нè држеше дома.
Работата го држеше во градот.
Слично со:
задржува (несв.)
13.
Останува верен, доследен на некого или нешто.
Англиски:
hold
Албански:
mbaj, mbetem
Тој држи до своето мислење.
Нè држат многу до старите обичаи.
14.
Се наоѓа на страната на некого.
Примери:
При секоја кавга баба му ја држеше неговата страна.
Слично со:
поддржи (св.)
15.
Има можност, способност да направи нешто.
Примери:
Плачеше до колку што ѝ држеше гласот.
Се расписка колку што ја држи грло.
16.
Во посебни изрази.
Примери:
Редовно ги држеа божиќните пости.
На мостот некој држеше говор.
17.
Поткрепува, поддржува некого.
Примери:
Некој моќник го држи на раководното место.
18.
(се држи) Се фати за некого или нешто.
Примери:
Се држеше за гривата од коњот.
Таа се држеше за главата и офкаше.
Двете деца се држеа за раце.
19.
(се држи) Се потпира на нешто.
Англиски:
support
Албански:
mbaj, qëndroj
Малите јагниња одвај се држеа на нозете.
20.
(се држи) Се одржува во определена состојба.
Англиски:
keep
Албански:
mbaj, qëndroj
Држете се на мразот.
21.
(се држи) Се придржува кон нешто.
Примери:
Јас се држев за вистината.
22.
(се држи) Издржува, не се дава, не попушта.
Англиски:
hold
Албански:
mbaj, qëndroj
Тој се држи и покрај годините.
Востаниците се држеа до последниот куршум.
Врбата се држеше на половина корен.
23.
(се држи) Се однесува на определен начин.
Англиски:
behave
Албански:
mbaj, qëndroj
Се држи настрана од нас.
Се држеше како вистински домаќин.
24.
(се држи) Се движи во определен правец следејќи нешто.
Примери:
Држете се за вчерашната дира.
25.
(се држи) Се наоѓа во добри односи со некого.
Примери:
Луѓето од селото се држеа меѓу себе.
Слично со:
однесува (несв.)
Изрази
Ако му држи - ако смее, ако има храброст.
Го држи настрана - не му дава можност да учествува во нешто.
Држи до себе - внимава на своето достоинство.
Држи лекција - поучува некого за нешто.
Држи нечија страна - поддржува некого.
Држи си го јазикот - не зборувај многу.