дрпа
дрпаат; дрпал
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 10518
1.
Грубо трга, тегне, влече некого или нешто.
Примери:
Ме дрпаше за палтото.
Те дрпаат за лактовите.
Слично со:
трга (несв.)
2.
Грубо кине нешто.
Примери:
Ја дрпаше кошулата на парчиња.
Не дрпај ги така гранките.
Слично со:
кине (несв.)
3.
Краде, зема недозволено нешто.
Примери:
Само дрпаат за себе, не мислат на другите.
Слично со:
краде (несв.)
4.
(се дрпа) Се оттргнува, се истргнува нагло, грубо.
Албански:
tërheq
Се дрпа да побегне.
Се дрпаше од нив.
Изведенки
дрпање ср.
глаг. им.
глаг. им.