а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

заврти

завртат; завртил; заврте, завртев; завртен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 1484
1. Доведе нешто во кружно движење околу неговата оска.
Англиски: turn Албански: rrotullim
Примери:
Го заврте клучот на вратата.
Го заврте воланот за цел круг.
Возот удри во автобусот кој се заврте за 180 степени, почувствував удар во главата, а потоа изгубив свест“.
2. Направи кружно, обиколно движење околу нешто.
Англиски: circle Албански: qark
Примери:
Откако неколку пати ја заврте собата, застана пред нив.
Таа заврти околу и застана пред другата врата.
3. Со движење на една или друга страна смени положба на нешто.
Англиски: turn Албански: kthen
Примери:
Тој ги заврте очите кон соседната маса.
Се насмевнал и ја завртел главата.
4. Сврти, преврти од една страна на друга.
Англиски: turn Албански: kthen
Примери:
Тој заврти нова страница од весникот.
5. Сврти, скршне при одење, движење.
Англиски: turn Албански: kthen
Примери:
Колоната заврте под ридот.
Tаа заврте по другата улица.
6. За пари - зачува, не потроши.
Англиски: turn Албански: mbron
Примери:
Одвај можеше да заврти некој денар.
7. За куќа, дуќан, некоја дејност - почне да куќи, да работи, да стопанисува.
Примери:
Изучи занает, ама заврти трговија.
8. За време - се промени.
Англиски: change Албански: ndryshoj
Примери:
Времето заврте на снег.
9. подврти, подзасука
Англиски: turn up Албански: mbërrij
Примери:
Ги заврте ногавиците и загази во реката.
10. За небеско тело - промени насока на движење.
Англиски: revolve Албански: vërtitem
Примери:
Сонцето заврте откај планината.
11. (се заврти) Hаправи кружно движење околу својата оска.
Англиски: spin Албански: thurje
Примери:
Балерината се заврте на прсти.
Тој се заврте околу себе како да бара нешто.
12. (се заврти) Се сврти во определен правец.
Англиски: turn Албански: kthen
Примери:
Се заврти и виде редица луѓе по него.
Се заврти кон црквата и се прекрсти.
13. (се заврти) Се преврти, се премести од една страна на друга.
Англиски: turn Албански: kthen
Примери:
Се заврти на другата страна да спие.
14. (се заврти) Се задржи некаде.
Примери:
Тој цело попладне се заврте во дуќанот.
Од работа дома не може да се заврти.
15. Ми (ти, му... се заврти) Изгуби свест, добие вртоглавица.
Англиски: faint Албански: marrje mend
Употреба: Медицина
Примери:
Ми се заврте во главата, но не паднав.
Изведенки
1. завртува несв.
(се) завртуваат
2. завртување ср.
глаг. им.