задуши
задушат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 6232
2.
Усмрти со физичко спречување на дишењето.
Англиски:
suffocate
Албански:
i zë frymën, mbyt
Ја задушил со перница.
3.
Направи дишењето да биде отежнато.
Албански:
gulfat
Ме задуши нешто во грлото.
Го задуши здивот на ракија.
4.
За растение - спречи, оневозможи развој.
Примери:
Дивите тревки ги задушиле нежните фиданки на босилокот.
Троскотот ги смука соковите и ги задушува житата.
5.
заглуши
Англиски:
silence
Албански:
përmbys, hesht
Силниот тропот го задуши неговиот глас.
Огорчените извици ја задушија стрелбата.
Слично со:
заглуши (св.)
6.
Со сила надвие бунт, востание.
Примери:
Војската го задуши бунтот на народот.
Востанието брзо беше задушено.
7.
Со сила, напор смири, потисне некакво чувство.
Примери:
Тој ги задуши во себе сите спомени.
Го задушив во себе плачот.
Се трудеше да ја задуши силната возбуда.
8.
Е исполнет, обземен од некакво чувство.
Примери:
Ме задуши бранот на гнев.
Го задуши детскиот крик.
9.
Оневозможи, не даде можност да се развие нешто.
Примери:
Неповолните животни услови не можеа да го задушат талентот во него.
10.
(се задуши) Се усмрти со отровен гас и сл.
Англиски:
gas
Албански:
heloj me gaz
Рударите се задушиле од подземниот отровен гас.
11.
(се задуши) Дише тешко, отежнато.
Примери:
Се задушил од тутуновиот дим во собата.
12.
(се задуши) Стане исполнет, обземен од некакво чувство.
Примери:
Се задуши во силно плачење.
Се задушил од смеа.
Тој ќе се задушеше од болка и бес.
13.
(се задуши) Се смири, се намали некаков звук.
Англиски:
muffle
Албански:
mbys, zhurmëmbytës
Грмна истрел и се задуши без одглас.
Зборовите се задушија во грлото.
Изведенки
1.
задушува несв.
(се) задушуваат
(се) задушуваат
2.
задушување ср.
мн. задушувања
Пример: Кашлицата му предизвикуваше чести задушувања.
мн. задушувања
Пример: Кашлицата му предизвикуваше чести задушувања.