занесе
занесат; занеси, занесете; занесов, занесоа; занел и занесол, занесле; занесев, занесеа; занесел; занесен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 4945
1.
Однесе во определена мера или целосно во друг правец од саканиот.
Англиски:
carry away
Албански:
çoj
Силниот ветар го занесе кајчето далеку од брегот.
Матицата ме занесе и не можев да излезам од реката.
Слично со:
однесе (св.)
2.
Воодушеви, восхити, замае некого.
Англиски:
exhilarate
Албански:
kënaqësi
Тој нѐ занесе сите со својот говор.
Таа го занесе со својата убавина.
Нѐ занесе убавата музика.
Слично со:
восхити (св.)
3.
(се занесе) Се движи, оди нестабилно.
Примери:
Одеднаш тој се занесе и за малку ќе паднеше.
Пијаниот се занесуваше при одењето.
4.
(се занесе) Се замисли, потоне во мисли.
Примери:
Тој се занесе во своите мисли.
Таа се занесе читајќи ја книгата.
Слично со:
замисли (св.)
5.
(се занесе) Се внесе премногу во нешто, се заборави.
Примери:
Тој се занесе по разни работи.
Таа се занесе во работата.
Децата се занесоа во играта.
6.
(се занесе) Се воодушеви, се восхити од нешто.
Англиски:
exhilarate
Албански:
entusiazmoj
Таа се занесе од убавите слики.
Тој се занел слушајќи музика.
7.
За птица - почне да несе јајца.
Примери:
Кокошките се млади, уште не занеле јајца.
Изведенки
1.
занесува несв.
(се) занесуваат
(се) занесуваат
2.
занесување ср.
мн. занесувања
глаг. им.
Пример: Тој живееше во свет на фантазии и занесувања.
мн. занесувања
глаг. им.
Пример: Тој живееше во свет на фантазии и занесувања.