здив
мн. здивови
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 802
1.
Воздух што се испушта при дишењето.
Примери:
лош здив
топол здив
свеж здив
2.
вдишување и издишување
Англиски:
breathing
Албански:
frymëmarrje
Од страв му се зеде здивот.
Старицата одвај успеваше да земе здив.
Остра болка му го пресече здивот.
Слично со:
дишење (ср.)
3.
Тоа што испарува, се ослободува од нешто.
Примери:
Се чувствуваше здивот на пролетта.
Низ улицата удираше слаткиот здив од расцветаните липи.
Слично со:
мирис (м.)
4.
Тоа што се насетува; што се претчувствува.
Примери:
Со последните настани почна да се чувствува здивот на промените.
Слично со:
претчувство (ср.)
Изрази
На/во еден здив - одеднаш.
До последен здив - до крај; до смрт; до последните сили.
Земи здив - одмори се.
Без здив - без одмор.
Ме (те, го ...) остави без здив - многу изненади, вчудовиди некого.