избега
Види и:
бега (несв.)
избегаат; избегал; избеган
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 961
1.
Се оддалечи со трчање.
Примери:
Избега од бојното поле.
Прасето избегало од кочината.
Слично со:
отиде (св.)
2.
Напушти некого, се дели од нешто.
Примери:
Стојанка избега од мажот.
Кучето му избега на овчарот.
Рибата му избега.
Слично со:
напушти (св.)
3.
Напушти место.
Албански:
ik
Избега од жештините.
Избегал од затвор.
Учениците избегаа од првиот час.
Избега од дома.
Избега во Америка.
4.
(Ми, ти, му... избега) Успее да побегне некому.
Примери:
Му избега и се скри некаде.
5.
За превозно средство - замине пред да стигне, не успее да стигне на време.
Примери:
Му избега возот.
Слично со:
замине (св.)
6.
Направи да се омажи за некого без дозвола од родителите.
Албански:
ik
Тие ја избегале девојката за момче од нивното село.
Tој ја избега девојката.
Слично со:
бега (несв.)
8.
(не избега) 3абележи, не испушти од вид.
Албански:
nuk ik
Тоа не му избега на неговото ловечко око.
Не му избега од око нејзината срамежливост.
Изрази
Му избега работата од раце - не може да ги контролира случувањата, настаните.
Лебот ќе избега од куќа (ако се јаде со нечисти раце) - ќе нема леб.
Изведенки
избегува несв.
избегуваат
избегуваат