извлече
извлечат; извлечам; извлечи, извлечете; извлеков, извлекоа; извлекол, извлекле; извлечев, извлечеа; извлечел; извлечен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 935
1.
Со влечење извади, изнесе од некаде.
Примери:
Спасувачите го извлекоа возачот од запалениот автомобил.
Војниците го извлекоа чамецот на брегот.
Девојката го извлече шамивчето од чантата.
2.
Влечејќи изнесе на повисоко место, доведе влечејќи оздола нагоре.
Примери:
Убиениот го извлекоа од бездната.
Коњот го извлече товарот на височинката.
3.
Спаси, оттргне, повлече од борбена позиција, од игра, од незгода и сл.
Англиски:
save
Албански:
heq, shpëtoj
Успеа да го извлече од борбите.
Таа ме извлече од тешката ситуација.
Слично со:
спаси (св.)
4.
истрга, ишмука
Албански:
heq, thithë
Еден човек го извлече со устата отровот од укасаното место на ногата.
5.
Постигне, стекне корист, заработка.
Примери:
Тој извлече корист за себе од таа зделка.
Слично со:
заработи (св.)
7.
Дојде до нешто врз основа на одредени појави, податоци, изведе заклучок.
Англиски:
conclude
Албански:
nxjerrë konkluzë
Таа извлече поука од несреќата што ја снајде.
Извлече заклучок.
Слично со:
заклучи (св.)
8.
Измами, изнуди парични средства или друга материјална корист.
Англиски:
cheat
Албански:
përfitoj, gënjej
Таа извлече пари од стариот.
9.
Добие на лотарија или друг вид игри на среќа.
Примери:
Тој ја извлече првата награда.
Слично со:
добие (св.)
10.
Нацрта, повлече линија со влечење на приборот за пишување или цртање.
Албански:
tërheq
Извлечи две паралелни линии.
Слично со:
влече (несв.)
11.
Произведе тон на музички инструмент.
Примери:
Умееше да извлече најфини тонови од трубата.
12.
(се извлече) Излезе од негде влечејќи се.
Примери:
Се извлече од ровот влечејќи се на лакти.
Мечката се извлече од една дупка.
13.
(се извлече) Се спаси, се повлече од борбена позиција, од некоја тешкотија.
Англиски:
save
Албански:
tërheq, nxjerrë
Жените и децата едвај се извлекоа од селото.
Се извлече од сиромаштијата.
Изрази
Го извлече подебелиот крај - претрпи, поднесе ќотек, казна и сл.
Изведенки
1.
извлекува несв.
извлекуваат
извлекуваат
2.
извлекување ср.
глаг. им.
глаг. им.
3.
извлечува несв.
извлечуваат
извлечуваат
4.
извлечување ср.
глаг. им.
глаг. им.