а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

извлече

извлечат; извлечам; извлечи, извлечете; извлеков, извлекоа; извлекол, извлекле; извлечев, извлечеа; извлечел; извлечен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 935
1. Со влечење извади, изнесе од некаде.
Англиски: pull out Албански: nxjerrë
Примери:
Спасувачите го извлекоа возачот од запалениот автомобил.
Војниците го извлекоа чамецот на брегот.
Девојката го извлече шамивчето од чантата.
2. Влечејќи изнесе на повисоко место, доведе влечејќи оздола нагоре.
Англиски: raise Албански: ngre
Примери:
Убиениот го извлекоа од бездната.
Коњот го извлече товарот на височинката.
3. Спаси, оттргне, повлече од борбена позиција, од игра, од незгода и сл.
Англиски: save Албански: heq, shpëtoj
Примери:
Успеа да го извлече од борбите.
Таа ме извлече од тешката ситуација.
4. истрга, ишмука
Албански: heq, thithë
Примери:
Еден човек го извлече со устата отровот од укасаното место на ногата.
5. Постигне, стекне корист, заработка.
Англиски: extract Албански: nxjerrë
Примери:
Тој извлече корист за себе од таа зделка.
6. Нацрта, повлече линии.
Англиски: delineate Албански: përvijoj
Примери:
Извлече тенки линии со рапитографот.
7. Дојде до нешто врз основа на одредени појави, податоци, изведе заклучок.
Англиски: conclude Албански: nxjerrë konkluzë
Примери:
Таа извлече поука од несреќата што ја снајде.
Извлече заклучок.
8. Измами, изнуди парични средства или друга материјална корист.
Англиски: cheat Албански: përfitoj, gënjej
Примери:
Таа извлече пари од стариот.
9. Добие на лотарија или друг вид игри на среќа.
Англиски: draw Албански: tërheq
Примери:
Тој ја извлече првата награда.
10. Нацрта, повлече линија со влечење на приборот за пишување или цртање.
Албански: tërheq
Примери:
Извлечи две паралелни линии.
11. Произведе тон на музички инструмент.
Англиски: make tone Албански: nxjerrë, prodhon
Употреба: Музика и танц
Примери:
Умееше да извлече најфини тонови од трубата.
12. (се извлече) Излезе од негде влечејќи се.
Англиски: pull out Албански: tërheq
Примери:
Се извлече од ровот влечејќи се на лакти.
Мечката се извлече од една дупка.
13. (се извлече) Се спаси, се повлече од борбена позиција, од некоја тешкотија.
Англиски: save Албански: tërheq, nxjerrë
Примери:
Жените и децата едвај се извлекоа од селото.
Се извлече од сиромаштијата.
Изрази
Го извлече подебелиот крај - претрпи, поднесе ќотек, казна и сл.
Изведенки
1. извлекува несв.
извлекуваат
2. извлекување ср.
глаг. им.
3. извлечува несв.
извлечуваат
4. извлечување ср.
глаг. им.