издига
Види и:
издигне (св.)
издигаат; издигал
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 5859
1.
Крева, крене нагоре, виши, извиши.
Примери:
Орелот ја издига желката високо над карпите.
Таа го издига јајцето до висина на нивните усти и го залулува конецот.
3.
Земе сè што може да се земе од некаде, наеднаш, со брзање.
Примери:
Бегалците издигале сè од куќата и заминале.
4.
Украде, земе насила.
Примери:
Крадците ја издигале сета покуќнина и избегале.
Го издигаа тутунот и го пренеле преку граница.
5.
Искупи, искупува сѐ, до крај.
Примери:
По веста за поскапувањето, издигале сè од дуќаните.
6.
Прави да се чувствува важен, значаен, да има високи квалитети.
Примери:
Идеалот за слобода го издига борецот до невидени висини.
Таа сила од правта го издига бедниот.
7.
(се издига) Се виши, се извишува, стои високо.
Примери:
Над селскиот пат се издига еден голем рид.
8.
(се издига) Се крева, се движи нагоре.
Примери:
Чадот од цигарите се издигаше нагоре.
Слично со:
крева (несв.)
Изведенки
издигање ср.
глаг. им.
глаг. им.