а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

измести

изместат; изместил
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 12146
1. Премести, помести од неговото постојано место.
Англиски: dislocate Албански: dislokoj, ndrroj vendin
Примери:
Малку го измесивме креветот да не биде до ѕидот.
Мајсторите ги изместиле ќерамидите поправајќи го оџакот.
2. Шине, измести зглоб од чашката.
Англиски: dislocate Албански: pëlkyej, ndrydh
Употреба: Медицина
Примери:
Детето ја изместило раката.
3. (се измести) Се помести од своето претходно место.
Англиски: move Албански: lëvizë nga vendi
Примери:
Торбата му се измести од колената.
4. (се измести) Се помести од умот, полуде.
Англиски: madden Албански: çmendem
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Примери:
Во затворот тој се изместил од умот.
Изведенки
1. изместува несв.
(се) изместуваат
2. изместување ср.
мн. изместувања
глаг. им.
Пример: Изместувањата на овој зглоб се многу опасни.