испече
испечат; испечи, испечам, испечете; испеков, испекоа; испекол, испекле; испечев, испечеа; испечел; испечен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 4403
1.
Приготви јадење со печење.
Примери:
Го испече пилето и нѐ повика на ручек.
Слично со:
приготви (св.)
2.
Подложи нешто на печење при изработката, пред употреба.
Примери:
Испече глинени садови.
Испече тули.
Испече кафе.
3.
Изложи на силно сонце.
Примери:
Си ги испече нозете на сонце.
Нѐ испече сонцето.
4.
Совлада, добро научи (занает, туѓ јазик итн.).
Примери:
Добро си го испекол занаетот.
5.
(се испече) Добие изгореници (од оган, од сонце).
Слично со:
изгори (св.)
Изведенки
1.
испечува несв.
(се) испечуваат
(се) испечуваат
2.
испекува несв.
(се) испекуваат
(се) испекуваат