а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

истрга

истргаат; истргал
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 6936
1. Повлече, со тргање извлече.
Англиски: pull Албански: tërheq
Примери:
Му ги истрга ушите.
Кошулата ја беше истргал од панталоните.
2. Се намачи, помине многу непријатности.
Англиски: suffer Албански: vuaj, hjek
Употреба: Преносно значење
Примери:
Многу истргал тој во животот.
3. Измери тежина на поголем број нешта, на поголемо количество.
Англиски: weigh out Албански: mati, peshoj
Употреба: Разговорно
Примери:
Ја истрга ракијата и тргна да си оди.
4. (се истрга) Избега од нешто.
Англиски: escape Албански: ikë, tërhiqem
Примери:
Се истргав од неговата стапица.
Изведенки
истргува несв.
(се) истргуваат