исчека
исчекаат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 16410
1.
Дочека до крај нешто да заврши.
Англиски:
wait
Албански:
pres deri në fund
Не можеше да исчека да не му каже прва.
Одвај исчека сите да поминат.
Слично со:
дочека (св.)
2.
Дочека, доживее нешто.
Англиски:
raise
Албански:
përjetoj, pres
Исчекаа внуци и правнуци.
Што времиња исчекавме!
Изрази
Да исчекате на челад - благослов.