корен
мн. корени
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 821
1.
Подземниот дел на растението со чија помош стои прицврстено и извлекува хранливи материи и вода, неопходни за него.
Примери:
Дрвото има развиен корен.
Розата пуштила длабоки корења.
2.
Дел од влакно, нерв, нокот или заб што е враснат во ткивото на организмот.
Примери:
Се скрши забот, коренот остана.
Ја искорна косата од корен.
3.
Долен дел од некои органи од кој како да расте, да никне органот.
Примери:
Во коренот на јазикот.
4.
Основата на некои израстоци на телото кај човек или кај животно.
Примери:
Чирот фати корен.
5.
За цвеќе, зеленчук и дрво - именување на целото растение како единица.
Примери:
пет корена пипер
три корена кајсии
7.
Потекло на нешто, род.
Примери:
Корените ми се од село.
Има аристократски корени.
Слично со:
потекло (ср.)
8.
Непроменлив дел од зборот, без претставки и наставки, што го носи основното значење.
Примери:
корен на зборот
Слично со:
основа (ж.)
9.
Големина, која подигната на одреден степен, го потенцира веќе дадениот број.
Примери:
квадратен корен
Спротивно од:
степен (м.)
Изрази
Воздушен корен - корен што е над земјата.
Искорне од корен нешто / Го пресече во коренот - уништи нешто на почетокот не дозволувајќи да се развие.
Од корен промени - целосно промени.
Пушти корени - се зацврсти на нешто, се задржи подолго време на едно место.
Изведенки
1.
коренче ср.
мн. коренчиња
дем.
мн. коренчиња
дем.
2.
корениште ср.
мн. кореништа
аугм.
мн. кореништа
аугм.
3.
коренски прид.
коренскиот
Што се однесува на корен.
коренскиот
Што се однесува на корен.