накрене
накренат; накрени, накренете; накренав, накренаа; накренал; накренат; накренев, накренеа; накренел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 13748
1.
Крене донекаде, подигне малку.
Примери:
Ја накрена двоцевката и со силен грмеж го процепи воздухот.
Ја накрена стомната и се напи.
Го накрена пагурчето уште еднаш.
Слично со:
подигне (св.)
2.
Крене, наземе многу нешта.
Примери:
Накренал и што треба и што не треба.
Накренал сѐ што можел да носи.
3.
(се накрене) Се поврати, се соземе по болест или друга слабост, неуспех и сл.
Англиски:
recover
Албански:
rimarr, marr
По една недела од операцијата се накрена.
Војната нѐ осиромаши, одвај се накренавме малку.
4.
(се накрене) Се крене, се дигне во голем број (луѓе и др.)
Примери:
Сите се накренаа против него.
Се накрена народ од секаде.
Изведенки
накрева несв.
(се) накреваат
(се) накреваат