а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

налее

налеат; налеј, налејте; налеав, налеаја; налеал; налеан; налеев, налееја; налеел; налеен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 11396
1. Тури, сипе течност во некаков сад.
Англиски: pour Албански: derdh
Примери:
Зеде две чаши и налеа ракија.
Му налеа во чашата вино.
2. Залее, наполни вода.
Англиски: pour Албански: mbush
Примери:
Отидоа на чешма да налеат вода.
3. Потури, полее со течност што се стврднува (со растопено злато, чоколада, восок).
Англиски: cast Албански: flak
4. (се налее) Се исполни, стане покрупен.
Англиски: pour Албански: mbushet
Примери:
Порасна високо момче, снагата му се налеа.
Жилите му набрекнаа, се налеаја со модра, густа, крв.
Грозјето се налеа, втаса.
5. (се налее) Се напие многу, се опие.
Англиски: get drunk Албански: dehem
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Изведенки
1. налева несв.
(се) налеваат
2. налевање ср.
глаг. им.