нанесе
нанесат; нанеси, нанесете; нанесов; нанесоа; нанел; нанесев, нанесеа; нанесел; нанесен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 5267
1.
За вода, ветар - надонесе со себе, остави по себе нешто, направи нанос, намет.
Примери:
Реката нанесе многу песок по ливадите.
Слично со:
натрупа (св.)
2.
Дојде, го наведе патот неочекувано, непланирано.
Примери:
Никогаш овде патот не ме нанесол.
Од кај го нанесе среќата токму кога треба?
3.
Стави, намачка нешто.
Примери:
На лицето нанесе многу пудра.
Нанесе тенок слој боја.
Слично со:
стави (св.)
4.
Предизвика некому нешто непријатно, лошо.
Примери:
Нанесе голема штета.
Нанесе удар.
Нанесе пораз.
Нанесе срам.
Нанесе повреда.
Слично со:
предизвика (св.)
Изведенки
1.
нанесува несв.
нанесуваат
нанесуваат
2.
нанесување ср.
глаг. им.
глаг. им.