а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

стави

стават; ставив, ставиш, ставил, ставила; ставиме; ставивме, ставиле; ставен; (ќе) ставел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 322
1. Положи, расположи некаде нешто.
Англиски: put Албански: vendos
Примери:
Стави го пакетот покрај ѕидот.
Го стави ножот на масата.
Го стави автомобилот во гаражата.
Стави точка.
Стави печат.
Стави потпис.
Стави срок.
2. Постави едно нешто над друго, допре.
Англиски: put Албански: vendos
Примери:
Му ја стави раката на рамо.
Ја стави главата на неговите гради.
3. Приведе некого во некоја положба.
Англиски: bring Албански: sjell
Употреба: Преносно значење
Примери:
Го стави во незгодна (тешка) ситуација.
Го стави во зависност.
Го стави на маки.
Го стави на проба.
Го стави под контрола.
Го ставија в притвор.
4. Постави, прикрепи едно нешто кон друго; установи за работа.
Англиски: put, install Албански:
Примери:
Најпосле ставија стакла на прозорците.
Стави завеси.
Стави чаршаф на масата.
Ставија чешма.
5. Нареди неопходното за јадење.
Англиски: arrange Албански: aranzhoj
Примери:
Стави софра.
Стави вечера.
6. Постави нешто со лечебна цел.
Англиски: administer Албански: administron
Примери:
Стави облоги, компреси, пијавици, капки, инјекции.
7. (за облека, украс) Постави на себе.
Англиски: put on Албански: vendos
Примери:
Стави и тој капа.
Стави очила.
Стави нараквици.
(ретко) Си ги стави чевлите.
Си го стави капутот.
8. Сипе јадење; прибави едно нешто кон друго.
Албански: shton
Употреба: Разговорно
Примери:
Стави вода, вино, ракија и сл.
Стави си јадење во чинијата.
Стави оцет во супата.
9. легне
Албански: gënjen
Употреба: Разговорно
Примери:
Ги ставив децата во кревет.
10. (се стави) се постави
Албански: vendos
Примери:
Се стави во негова одбрана.
Се стави на чело на војската.
Се стави во негова положба.
11. (се стави) се состане
Англиски: meet Албански: takohet
Употреба: Дијалектен збор , Разговорно
Примери:
Сакаше да се стави со него.
Да се стават и да се видат.
Изрази
Го стави в рака.
Ја стави главата в торба.
Стави крај на нешто.
Стави му крст! Стави му пепел!
Стави на свое место.
Стави под клуч.
Стави рака на нешто.
(Стави) рака на срце!
Стави се (животот) на коцка (карта).
Ќе го стави в топ.
Стави надвор од сила.
Стави до знаење.
Стави на гласање.
Стави во задача.
Стави забрана (на имот, плата).