напика
напикаат; напикал
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 6604
1.
Втера, стави со сила, со туркање.
Примери:
Напика сено во вреќата и ја крена на грб.
Го здипли ќебето и го напика во торбата.
Слично со:
втера (св.)
2.
Зафрли нешто некаде, суреди да не може лесно да се најде.
Примери:
Облечи што ќе најдеш, таа блуза којзнае каде е напикана.
3.
Стави, намести некого на добро работно место, во функција преку врска, со протежирање.
Примери:
Го напикал синот на работа во управата.
Слично со:
намести (св.)
4.
(се напика) Се смести (обично за повеќемина) во тесен, неудобен простор.
Примери:
Cите се напикаа во една соба.
5.
(се напика) Се зафрли, го снема некаде.
Примери:
Кај се напика, сега беше тука.
6.
(се напика) Влезе некаде од интерес, се пробие, се вовлече.
Примери:
Се напика во партијата да се добере до власт.
Се напикаа преку ред и без карти.
Изведенки
напикува несв.
(се) напикуваат
(се) напикуваат