натаму
Вид збор: Прилог
Ранг: 617
1.
Во тој (од ситуацијата определен) правец, на таа (од ситуацијата определена) страна.
Примери:
Тргнаа натаму кон селото.
Под мене беше градот, натаму се протегаа полиња и шуми.
2.
Просторно и временски - во продолжение (обично во компаратив).
Примери:
Не сакаше да оди натаму (понатаму).
Под тие услови не можеа да работат натаму.
Животот си тече и натаму.
Слично со:
понатаму (прил.)
3.
Просторно и временски - од определено место, од определен момент, во иднина.
Англиски:
in future
Албански:
në të ardhmen
Одовде натаму се е твое.
Отсега натаму ти ќе раководиш.
Изрази
И така натаму (скратено: итн.) - израз со кој се прекинува набројувањето, наведување примери.