област
мн. области
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 960
1.
Крај, подрачје, територија што претставува поголема целина изделена од целокупната географска средина во однос на релјефот, климата, хидрографијата и сл.
Примери:
поларна област
тропски области
Слично со:
подрачје (ср.)
2.
Поголема административно-територијална и управна единица.
Примери:
Оваа покраина има статус на автономна област.
Слично со:
територија (ж.)
3.
Зона, појас, реон во кој е распространето нешто или се одликува со нешто општо, заедничко.
Примери:
Ова растение вирее само во областа на Средоземното Море.
Западномакедонска говорна област.
Слично со:
зона (ж.)
4.
Дел од телото на човекот кој зафаќа еден или повеќе телесни органи.
Примери:
Тој чувствува болки во областа на градниот кош.
5.
Подрачје, домен, сфера на некоја дејност, наука, работа и сл.
Примери:
Овој магистерски труд е од областа на семантиката.
Освои многу награди во областа на литературата.
Слично со:
домен (м.)