а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

обузди

обуздат; обузди, обуздете; обуздив, обуздија; обуздил; обузден; (ќе) обуздев, (ќе) обуздеа; (ќе) обуздел
Вид збор: Глагол, свршен
1. Стави узда на коњ.
Англиски: bridle Албански: frenoj, vë fre
Примери:
Не можеше да го обузди коњот.
2. Скроти, смири, совлада некого или нешто.
Англиски: tame Албански: zbut
Употреба: Преносно значење
Примери:
Војската ги обузди бунтовниците.
Го обузди гневот спрема него.
3. (се обузди) Се воздржи, се смири, се совлада.
Англиски: control Албански: frenoj, kontrolloj
Примери:
Сакаше да каже нешто, но се обузди.
Изведенки
1. обуздува несв.
(се) обуздуваат
2. обуздување ср.
глаг. им.