огласи
огласат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 4789
1.
Даде оглас во весник или на друг начин преку оглас објави нешто.
Примери:
Тој го огласи станот за продавање во весник.
Не успеа да го продаде автомобилот иако го огласи неколку пати.
Слично со:
објави (св.)
2.
За глас, звук - исполни определен простор, одекне.
Примери:
Борбени песни го огласија селото.
Силен аплауз ја огласи салата.
Слично со:
одекне (св.)
3.
Објави, соопшти, разгласи нешто.
Примери:
Тој испука неколку истрели и така ја огласи смртта на татка си.
Посака да викне и да го огласи своето доаѓање.
Ѕвончето го огласи крајот на часот.
Слично со:
разгласи (св.)
4.
(се огласи) Одговори, одврати некому со збор или со глас.
Англиски:
answer
Албански:
përgjigjet
Слугинката се огласи, излегувајќи од кујната.
Неколку кучиња се огласија со лаеж.
Од некој двор се огласи магаре.
Слично со:
одврати (св.)
5.
(се огласи) Се одекна глас или звук.
Примери:
Се огласи пукот од сите страни.
Звукот на камбаната се огласи во селото.
Чекорите на војниците се огласија во ноќта.
Слично со:
одекне (св.)
6.
(се огласи) Се јави, се појави објавувајќи нешто.
Примери:
По долгите напади, тој реши да се огласи во рубриката „Писма“ во весникот.
Изведенки
1.
огласува несв.
(се) огласуваат
(се) огласуваат
2.
огласување ср.
глаг. им.
глаг. им.