одбие
одбијат; одбиј, одбијте; одбив, одби, одбија; одбил; одбиев, одбиеја; одбиел; одбиен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 1680
1.
Се спротивстави, со спротивно дејство одврати нешто од себе.
Англиски:
repulse
Албански:
mohoj, refuzoj
Четата го одби нападот на непријателот.
Тој го одби силниот удар.
Детето ја одби топката.
Слично со:
спротивстави (св.)
2.
Промени насока на движење.
Примери:
Топката ја одби со глава.
Стаклото ги одби сончевите зраци.
3.
Не прифати некому нешто, не се согласи, не уважи, не усвои.
Примери:
Работниците одбија да работат.
Тој одби да разговара со нас.
Таа го одби стројникот.
Тој ја одби понудената работа.
Судијата ја одби жалбата.
4.
Одврати од цицање.
Примери:
Мајката го одби детето на десет месеци.
5.
Предизвика негативен одноc кај некого со нешто.
Примери:
Со своето дрско однесување, тој ги одби луѓето од себе.
6.
За пари - скуси.
Англиски:
deduct
Албански:
ndaloj, heq
Овој месец ни одбија од платата пет проценти.
Тој ги одби патните трошоци од вкупната сума.
7.
Скршне од патот, промени правец на движење.
Примери:
Тие одбија од патот и навлегоа во шумата.
Слично со:
скршне (св.)
8.
За вода - одврати, промени тек.
Англиски:
divert
Албански:
ndërroj drejtimin
Тој ја одби водата од јазот.
9.
Се истави, се потргне, се тргне настрана.
Примери:
Одбиј од мене!
Одбиј од патот!
Одбиј назад!
10.
(се одбие) Се одврати, се врати назад.
Примери:
Топката се одби од ѕидот.
Светлината се одби од огледалото.
Слично со:
одврати (св.)
11.
(се одбие) Престане да цица.
Примери:
Детето се одби на пет месеци.
12.
(се одбие) наврати, намине
Англиски:
deviate
Албански:
hidhem, shmangem
Дошле до една раскрсница и старецот се одбил од патот.
13.
(се одбие) Намине, наврати некаде.
Примери:
Се одбивме до старите.
На враќање од работа, се одбил во првата кафеана.
Изрази
Одбие некому на младост (на глупост, незнаење, збунетост итн.) - поради тоа, не биди многу строг, не суди (му) строго.
Вие одбијте му на младоста и сè ќе биде в ред.
Му одбија на глупоста, како ништо да не било.
Изведенки
1.
одбива несв.
(се) одбиваат
(се) одбиваат
2.
одбивање ср.
глаг. им.
глаг. им.