отпише
отпишат; отпиши, отпишете; отпишав, отпишаа; отпишал; отпишан; (ќе) отпишев, (ќе) отпишеа; (ќе) отпишел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 13399
1.
Избрише, пречкрта некого од списокот, од некаква заедница.
Примери:
Детето го отпишаа од тоа училиште.
2.
Врши отпис во книговодство.
Примери:
По извршениот попис, ги отпишавме сите стари бироа.
3.
Престане да смета на некого или на нешто.
Примери:
Автомобилот ни се расипа и ние го отпишавме, бидејќи не бевме во можност да го поправиме.
Не можеа да го пронајдат и спасувачите го отпишаа момчето.
4.
(се отпише) Престане да членува во некаква заедница, група, партија и сл.
Англиски:
leave
Албански:
lë, braktis
Тој се отпиша од планинарското друштво.
Слично со:
откаже (св.)
Изведенки
1.
отпишува несв.
(се) отпишуваат
(се) отпишуваат
2.
отпишување ср.
глаг. им.
глаг. им.