отстапи
отстапат; отстапил
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 4426
1.
Се тргне од местото, се повлече назад.
Англиски:
step back
Албански:
largoj, prapoj
Сите отстапија за да помине владиката.
Тој отстапи еден чекор назад.
Слично со:
повлече (св.)
2.
За војска - се повлече.
Примери:
Воената единица отстапи на најблискиот рид.
3.
Попушти (во став, миcлење, убедување, во спор).
Примери:
Отстапи од своите поранешни ставови.
Во спорот ние не отстапивме по никоја цена.
Слично со:
попушти (св.)
4.
Напушти, престане да се придржува кон нешто (закон, норма, обичај, програма).
Англиски:
deviate
Албански:
devijoj, shmangë
Отстапи од законот.
Отстапи од верата.
5.
Намали, попушти во цената.
Примери:
Отстапи ни малку од цената, па ќе ти ја купиме куќата.
Не отстапувам ни денар за нивата.
6.
Се откаже од нешто во полза на друг.
Примери:
Домаќинот му го отстапи својот кревет на гостинот.
Отстапи место.
Отстапи ред.
Изведенки
отстапува несв.
отстапуваат
отстапуваат