пикне
Види и:
пика (несв.)
пикнат; пикни, пикнете; пикнав, пикнаа; пикнал; пикнат; пикнев, пикнеа; пикнел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 2651
1.
Ставање во нешто тесно со сила.
Примери:
Ги пикнал рацете в џеб.
Ја пикнал главата меѓу колена.
Ја пикнала опашката во дупката.
(нар. поез.) Ми пикнал оган в пазува.
Слично со:
стави (св.)
2.
Ставање некаде каде што не му е местото.
Примери:
Ги пикнал некаде чорапите.
3.
Даде кришум.
Примери:
Му пикна в рака пари.
4.
Обезбеди некаква положба.
Примери:
Го пикнал и брата си таму да работи.
5.
(се пикне) Влезе во нешто тесно, насила.
Примери:
Се пикнав во преполниот автобус.
Слично со:
мушне (св.)
6.
(се пикне) Влезе незабележано, кришум.
Примери:
Во волов рог да се пикнеш, пак ќе те најдам.