плива
пливаат; пливал
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 3138
1.
Успее да се движи по површината на водата или во неа.
Примери:
Се учи да плива.
Плива на грб.
Куче (коњ) плива.
2.
За предмети - не потонува.
Примери:
Фрли штиче во вода, ќе плива.
Маслото плива врз вода.
Слично со:
лебди (несв.)
3.
Лежи, се наоѓа во нешто течно.
Примери:
Плива во крв.
Месото плива во маст.
4.
Обземен е од возвишено, радосно чувство.
Примери:
Сите пливаа во радост, во блаженство, во раскош, богатство.
Слично со:
радува (несв.)
5.
Без да располага со знаења, одговара заплеткано и набавтана.
Примери:
Пливаше на испитот.
За сето време предавачот пливаше.
Слично со:
заплетка (св.)
Изрази
Тој плива во неговите води - му прави конкуренција.
(разг.) Плива како риба - плива одлично.
Плива во долгови - задолжен до гуша.