а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

покаже

покажат; покажи, покажете; покажав, покажа, покажаа; покажал, покажан; покажев, покажеа; покажел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 292
1. Направи нешто да може да се види, изнесе јавно.
Англиски: show Албански: shfaq
Примери:
Таа ги покажа своите најнови фотографии.
Тој ја покажа својата збирка марки.
Ќе ви покажам како се прави тоа.
2. Посочи, укаже на нешто, обично со гест.
Англиски: point Албански: demonstron
Примери:
Таа ни покажа со раката каде треба да седнеме.
Тој со очите покажа дека му е страв.
3. Објасни, посведочи, потврди нешто.
Англиски: explain Албански: shpjegon
Употреба: Преносно значење
Примери:
Анализата покажа дека дијагнозата е точна.
Нашите истражувања покажаа дека станува збор за плагијат.
Ние покажавме дека вистината е на наша страна.
Времето ќе покаже кој грешел.
4. означи, измери
Англиски: show Албански: tregon
Примери:
Топломерот покажуваше многу висока температура.
Часовникот покажа 2 часот.
Ќе видиме што ќе покаже кантарот.
5. При закана - казни, се одмазди некому.
Англиски: show Албански: hakmerret
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ќе ти покажам јас тебе кој е главен овде!
6. (се покаже) Стане видлив, се појави.
Англиски: appear Албански: duket
Примери:
Девојката се покажа на прозорецот.
На небото се покажаа првите ѕвезди.
Пред нас се покажа прекрасна глетка.
На нејзините усни се покажа насмевка.
7. (се покаже) Се појави, се претстави со некоја особина, својство.
Англиски: prove Албански: paraqet
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој се покажа многу мудар.
Работата се покажа многу добра.
Ние се покажавме храбри.
8. (само 3. л.) (се покаже) Стане јасно, се открие нешто.
Англиски: show Албански: tregon
Примери:
Се покажа дека тој е голем измамник.
Се покажа дека е доцна за нови обиди.
Изрази
Покаже врата - изгони, избрка некого.
Изведенки
1. покажува несв.
покажуваат
2. покажување ср.