прави
прават; правам, правиш; правев; правел, правела, правеле; правевте
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 119
1.
Изработува, произведува (самиот или преку друг) нешто.
Примери:
Прави чевли.
Прави прозорци.
Прави куќа.
Ластовичката прави гнездо.
Слично со:
изработува (несв.)
2.
Во состав со разни именки означува исто нешто како и глаголот образуван од именка.
Примери:
Тој прави вежби секое утро.
Прави посета.
Прави услуга.
Прави шега.
Прави разговор.
Прави забелешка.
Прави разлика.
Прави планови.
Слично со:
врши (несв.)
3.
Готви, меси, пржи и сл.
Примери:
Таа правеше ручек за гостите.
Тој прави боза од пченкарно брашно.
Бабата ни правеше зелник.
Слично со:
готви (несв.)
4.
Тестира, испрашува некого преку тест.
Англиски:
make
Утре правиме тест по физика.
Нашето одделение правеше контролна задача по математика.
5.
Е причина за нешто.
Примери:
Прави проблеми.
Прави штета.
Прави раздор.
Слично со:
причинува (несв.)
7.
работи, се занимава, постапува
Примери:
Што да правам сега?
Што правиш во недела?
Прави како што сакаш.
Нема друго што да правам.
Како си, што правиш?
Слично со:
чини (несв.)
8.
Доведува некого во некаква состојба или положба.
Примери:
Таа го прави нервозен.
Вежбањето го прави млад.
Брадата го прави постар.
9.
Подготвува, оспособува некого за нешто.
Примери:
Ќе го прават претседател на партијата.
Сакаше синот поп да го прави.
Те правам човек, а ти вака ми враќаш.
Слично со:
подготвува (несв.)
10.
Претставува некого таков како што не е.
Примери:
Ме правиш побогат отколку што сум.
Го правеше дека многу знае, ама не знаел.
Немој да ми го правиш голем мајстор.
Немој да ме правиш будала.
Слично со:
претставува (несв.)
11.
За возраст, години - има, полни, навршува.
Примери:
Денес син ми прави десет години.
Оваа зима правам триесет и три години.
До година правиме десет години брак.
Слично со:
навршува (несв.)
12.
За математички операции - пресметува, изнесува, чини.
Англиски:
result
Сето тоа прави илјада денари.
Три и три прават шест.
Слично со:
чини (несв.)
13.
Влегува во состав, формира некоја целина.
Англиски:
comprise
Неговиот имот го прават куќата и лозјето.
Слично со:
формира (св. и несв.)
14.
(се прави) Се прикажува, се покажува во некаква состојба.
Англиски:
pretend
Се прави големец, а е никој и ништо.
Се прави улав.
Се прави важен.
15.
(се прави) се преправа
Англиски:
pretend
Се прави како да не знае.
Се правеше дека спие.
Се правев дека не го слушам.
Слично со:
преправа (несв.)
16.
(се прави) Ми (ти, му, ...) се прави нешто, изразува желба да стори нешто.
Англиски:
wish
Му се правеше лозје на ридот.
Му се прави нова куќа.
Му се прави една прошетка по полето.
Изрази
Ми (ти, му, ...) прави чест - почитува некого.
Прави пат - дава предност некому, отстапува пред некого.
Прави лице - се преправа, глуми пред некого.
Прави политика - угодува некому поради лична корист.
Прави пари - добро заработува.
Прави здраво-живо - се поздравува.
Прави друштво - придружува, разонодува некого.
Прави сцена - се однесува непристојно, недолично.
Од конец ортома прави - преувеличува, од ситница прави голема работа.
Од готово прави рецесија - расипува веќе завршена работа.
И ноќта ден ја прави - работи неуморно, постојано.
Крвта вода не се прави - не може да се биде рамнодушен.
(Не) ми (ти, му,...) се прави ќеф - (не) ми причинува задоволство нешто.
Си прави Бајрам со умот - фантазира, се занесува.
Се прави на Тошо - се преправа дека не видел, дека не знае.
Тоа што го правиш на другите, тоа ќе ти го прават тебе.