внесат
Вид збор: Глагол, свршен
Предизвика некаква состојба кај некого.
Примери:
Вестите внесоа раздвиженост во духовите и живост во разговорите.
доведат
Вид збор: Глагол, свршен
Предизвика нешто, доведе до некаков настан.
Примери:
Силни политички страсти доведоа до остри напади врз комисијата.
навлечат
Вид збор: Глагол, свршен
Предизвика нешто непријатно, лошо.
Албански:
shkaktoj, sjell
Примери:
Врати им ги парите да не си навлечеш непријатности.
нанесат
Вид збор: Глагол, свршен
Предизвика некому нешто непријатно, лошо.
Примери:
Нанесе голема штета.
повлечат
Вид збор: Глагол, свршен
Стане причина за нешто, за нечија постапка.
Примери:
Љубопитноста го повлече да погледне.
пораѓаат
Вид збор: Глагол, несвршен
предизвикува, создава
Примери:
Сето тоа пораѓа сомнеж во мене.
прават
Вид збор: Глагол, несвршен
Е причина за нешто.
Примери:
Прави проблеми.
предизвикаат
Вид збор: Глагол, свршен
Стане причина или повод за нешто.
Примери:
предизвика кавга, предизвика збрка
причинат
Вид збор: Глагол, свршен
Предизвика, стане причина за нешто, направи, стори нешто како повод.
Примери:
Поројните дождови им причинија големи штети на посевите.
пробудат
Вид збор: Глагол, свршен
поттикне, предизвика, возбуди
Примери:
Тие зборови кај него пробудија сомнеж.
(се пробуди) се пројави, се покаже
Примери:
Само што го виде за првпат, кај неа се пробуди мајчинското чувство.
произведат
Вид збор: Глагол, свршен
предизвика, создаде
Примери:
Неговото последно дело очекувано произведе силен впечаток кај публиката.