прележи
Види и:
лежи (несв.)
прележат; прележи, прележете; прележав, прележаа; прележал, прележан; (ќе) прележев, (ќе) прележеа; (ќе) прележел; прележен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 15085
1.
преспие, преноќева
Примери:
Ќе ја однесеа иконата кај некој болен да прележи некоја ноќ за здравје да му даде.
Ја прележаа ноќта во анот и заминаа.
Слично со:
преспие (св.)
2.
Помине лежејќи болен до оздравување.
Примери:
По дваесет дена ќе прележите тука во болницата.
Слично со:
оздрави (св.)
3.
За нива, земја - остане необработена, непосеана за приридно да ѝ се обнови плодноста.
Примери:
Поради малку ѓубриво, едни ниви се оставаат да прележат некое време.
4.
За ракија, вино - се остави да отстои поради подобрување на квалитетот.
Примери:
Ја остави ракијата да прележи.
Изведенки
1.
прележува несв.
прележуваат
прележуваат
2.
прележување ср.
глаг. им.
глаг. им.