а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

престаса

престасаат; престасал
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 25911
1. При движење (одење, возење) престигне, остави зад себе некого или нешто; претекне некого.
Англиски: overtake Албански: parakaloj
Примери:
Трчаше брзо за да го престаса.
Автомобилот ги престаса.
2. Стаса, нарасне повече од потребното.
Англиски: ripen Албански: arriti
Примери:
Лебот престаса.
3. Стаса, постигне да направи нешто навреме.
Англиски: manage Албански: arriti
Примери:
Не знаеше дали ќе престаса да одговори на сите нарачки.
4. Постигне повеќе од друг; надмине.
Англиски: surpass Албански: tejkaloj
Примери:
Учеше вредно и сите ги престаса.
Се извиши, ги престаса своите родители.
5. Има во изобилство, повеќе од потребното.
Англиски: exceed Албански: tejkaloj
Примери:
Пиење и јадење има доволно, ќе стаса и престаса.
Изведенки
1. престасува несв.
престасуваат
2. престасување ср.
глаг. им.