пропушти
пропуштат; пропуштил
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 3202
1.
Пушти некого да влезе, да помине.
Примери:
Стражата го пропушти да влезе.
Овчарите ги пропуштија овците низ страгата на молзење.
2.
Изостане од нешто, не искористи нешто, некоја можност.
Примери:
Ги пропушти најновите вести.
Оваа година тој го пропушти одморот.
Тој ја пропушти премиерната изведба.
Студентот ја пропушти сесијата.
Слично со:
изостави (св.)
3.
Стори, направи пропуст.
Примери:
Пропуштил да се потпише.
Пропуштив да ти кажам за неговото доаѓање.
4.
Не стигне навреме.
Примери:
Го пропушти автобусот.
Го пропушти рокот за завршување на книгата.
Слично со:
задоцни (св.)
5.
Не забележи, направи превид.
Примери:
Таа препуштила важна библиографска единица.
Слично со:
превиди (св.)
6.
Испушти, прескокне редови или зборови.
Примери:
Пропушти неколку реченици од писмото, не сакаше да ја вознемирува мајка си.
Професорот ги пропушти првите три реда и почна да ги чита.
7.
Остави да проникне, да навлезе; не држи, пушти вода, течност.
Англиски:
let
Чевлите му пропуштија уште на првиот дожд.
Бротчето пропушти вода од сите страни.
8.
Остави да проникне, да навлезе; излезе, се рашири светлина, топлина и сл.
Англиски:
let
Спушти ја ролетната, ќе пропушти светлина колку да не мора да се пали светло.
Нивните прозорци досега не пропуштија ниту топлина ниту звук.
9.
(се пропушти) Почне да виси, да се пробесува.
Англиски:
hang
Им се пропуштиле гушките како торби.
Изведенки
1.
пропушта несв.
пропуштаат
пропуштаат
2.
пропуштање ср.
глаг. им.
глаг. им.